На сопругот му подарила кутија со фотки од девојки што ги „лајкнувал“ на Инстаграм – која е неговата реакција?
Сакате да се пошегувате со вашиот партнер затоа што става лајкови на други девојки? Ова е вистинскиот начин...
Жена со корисничко име @gr93la стана вирален хит на ТикТок откако одлучи на нејзиниот сопруг да му подари кутија на која на стапчиња се поставени фотографиите од девојки кои тој ги лајкнувал на Инстаграм.
Таа се шегува дека сите споделуваат што им спремиле на партнерите за Денот на вљубените, па дека ќе сподели и таа.
„Имам смисла за хумор со мојот партнер. Не знам за вас, но јас мислам дека ова беше совршен подарок“, напиша таа.
Се разбира, станува збор само за шега, далеку од тоа дека ставањето лајкови треба да биде „забрането со закон“.
Погледнете го виралното видео:
@gr93la I have a sense of humor with my man! I don’t know about y’all but I thought this was the perfect gift ? He loved it ? #gorgeousgirls #fyp #joke
-->♬ original sound - Gloria
С. С. | Црнобело