Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нов тренд на ТикТок се темните подочници - девојките дури си ги цртаат

Целта е прифаќање на несовршеностите, а девојки на социјалните мрежи ги нагласуваат своите подочници и искажуваат бунт против поставените идеали за убавина во општеството.

nov-trend-na-tiktok-se-temnite-podochnici-devojkite-duri-si-gi-crtaat-01.jpg

Младата генерација на ТикТок има нов чуден тренд. Овојпат тие ги промовираат темните подочници, нешто што жените одамна се обидуваат да го сокријат со помош на коректор и пудра.

19-годишниот британски модел Сара Карстенс, која има сѐ поголема популарност на оваа социјална мрежа, прва го промовираше новиот тренд.

Поентата е девојките да ги прифатат своите несигурности и да шетаат без шминка.

Но, девојките на ТикТок одат дури и чекор понатаму и со помош на шминка ги прават своите подочници потемни од што навистина се.

Тие порачуваат дека сакаат да го нормализираат она што ги прави жените несигурни и што не влегува во стандардите за убавина.

Сакаат да привлечат внимание кон тие карактеристики и да направат жените да веруваат во себе и покрај несовршеностите.

Тинејџерките почнаа да споделуваат видеа како со помош на кармин или сенка за очи си прават илузија на темни подочници.

Новиот тренд на ТикТок:

@sarathefreeelf

 

♬ Greek Tragedy (Oliver Nelson TikTok Remix) - The Wombats

@abbyroberts

#stitch with @sarathefreeelf eye bags r sexi okay

♬ original sound - Abby Roberts

@daniellemarcan

@sarathefreeelf and @abbyroberts made me do it

♬ Greek Tragedy (Oliver Nelson TikTok Remix) - The Wombats

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тренд кај скијачите – што е „Après-Ski“, што треба да носите, а што не смее да правите? Моментот кога завршувате со скијање и се собирате со пријателите во бачило или б...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg