Очекувања vs. Реалност: Разочарувачки фотки од животот на пат во комбе
Не велиме дека со комбето не можете да се паркирате покрај некое езеро и да имате најсовршен поглед на свет, но сепак не е сѐ толку розово во текот на целото патување.
Во САД многу е актуелно да се патува со комбе и да се преспие во него, а оваа практика сѐ повеќе е актуелна кај нас.
И најчесто гледаме совршени фотки со неверојатен поглед од отворените задни врати на комбето, кафе во рацете, прекрасен пејзаж и топли чорапчиња во кадарот. Но, дали реалноста е толку „розова“?
Френк Олито за Insider открива дека некои аспекти од патувањето и престојот во комбето за време на неговиот викенд кога од Њујорк патувал за Филаделфија, малку го разочарале.