Очекувања vs. Реалност: Разочарувачки фотки од животот на пат во комбе
Не велиме дека со комбето не можете да се паркирате покрај некое езеро и да имате најсовршен поглед на свет, но сепак не е сѐ толку розово во текот на целото патување.
Во САД многу е актуелно да се патува со комбе и да се преспие во него, а оваа практика сѐ повеќе е актуелна кај нас.
И најчесто гледаме совршени фотки со неверојатен поглед од отворените задни врати на комбето, кафе во рацете, прекрасен пејзаж и топли чорапчиња во кадарот. Но, дали реалноста е толку „розова“?
Френк Олито за Insider открива дека некои аспекти од патувањето и престојот во комбето за време на неговиот викенд кога од Њујорк патувал за Филаделфија, малку го разочарале.
Другата страна на патувањето/живеењето во комбе:
Дел од разочарувачките моменти биле тоа што кога сакал да одмори и да отспие во комбето за време на патувањето морал тоа да го направи на некој обичен паркинг.
Во една пригода дури бил паркиран покрај контејнерите од некој локален ресторан, па се ширела непријатна миризба.
Потоа открива дека за престој на некој од камперските места плаќал навистина висока сума. За среќа, ова во Македонија не е случај.
Вели дека предизвик било и паркирањето во градот. Иако тој во најголем дел од времето посетувал национални паркови и други природни убавини, сепак морал да застане во градовите за да купи намирници.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





