Биткоини, абортуси: Луѓе откриваат за што се каат најмногу во животот
„Се каам што избрзав и се омажив на 19 години, мислев дека тоа е најдоброто што можам да го имам и дека не заслужувам подобро. Сега имам 24 и се справувам со развод.“
„Би сакала да се вратам во времето и да го дознаам името на дечкото со кого имав авантура за една ноќ, така мојата ќерка ќе знаеше кој ѝ е татко...“
„Жалам што се обидов да се самоубијам и со тоа им нанесов непоправлива штета на моите родители. Би сакала да можам да ја избришам трајната болка што им ја предизвикав.“
„Би се потрудила повеќе околу своето образование. Паметна сум, но никогаш не дипломирав и сега гледам како успеваат луѓе, кои се многу понеинтелигентни од мене, но ете имаат диплома и добиваат функции.“
„Се каам што му раскинав на поранешното момче. Го сакав, но се плашев од официјализирање на врската. Животот е прекраток за стравови. Ја научив мојата лекција на потешкиот начин.“
С. С. | Црнобело