Биткоини, абортуси: Луѓе откриваат за што се каат најмногу во животот
„Би сакала да се вратам во времето и да го дознаам името на дечкото со кого имав авантура за една ноќ, така мојата ќерка ќе знаеше кој ѝ е татко...“
Дали се каете за некоја пропадната врска, погрешен потег или запоставување на сакани личности во вашиот живот?
Од трагични до навидум тривијалните работи, луѓе анонимно се исповедуваат за што жалат најмногу во животот на апликацијата Whisper.
Дали и вие жалите за нешто во животот? Ако успеете да го вратите времето, што би направиле поинаку?
Исповеди на луѓе за што жалат најмногу во животот:
„Жалам што ја абортирав мојата ќерка само затоа што мојот сопруг не беше подготвен за дете. Сега е предоцна, но посакувам да можам да го вратам времето. Го мразам поради тоа.“
„Посакувам да раскинев со моето момче првиот пат кога почнав да се двоумам околу него. Сега сме свршени и чувствувам како да е предоцна за да избегам.“
„Посакувам да се вратам назад во времето и никогаш да не допрам дрога. Немаше да можев да станам зависник, ако никогаш не допрев дрога...“
„Иако имав шанса не инвестирав во биткоини кога беа евтини. Навистина направив грешка.“
„Од срце посакувам повеќе да ѝ помагав на мајка ми кога беше болна. Имав само 16 години, бев себична, но ќе се каам до крајот на животот. Ако се грижев повеќе, ќе минев повеќе време со неа.“