Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мојата себична девојка одби да се грижи за мене кога се заразив со корона“

„Со неа зборувавме за брак, но сега не сум сигурен дали е сериозна со своите намери кон мене затоа што не сакаше да ми донесе ниту сендвич и шолја кафе, откако фатив корона...“

mojata-sebichna-devojka-odbi-da-se-grizhi-za-mene-koga-se-zaraziv-so-korona-01.jpg

28-годишен дечко фатил корона, но се соочил со неочекувана реакција од својата девојка (27).

Тој го споделува своето искуство за магазинот TheSun:

„Во самоизолација сум откако тестот за корона се покажа како позитивен. Живеев со мојата девојка, но ситуацијата со короната таа дополнително ја претвори во кошмар.

Таа врескаше многу по мене кога дознавме дека сум позитивен, ме обвинуваше како сум се заразил, дека сум бил невнимателен, плачеше и велеше дека сум ѝ го уништил животот.

Нејзиното гледиште е дека требало да ѝ дадам избор да го напушти домот пред да се тестирам за да не мора да се грижи за мене.

Со неа зборувавме за брак, но сега не сум сигурен дали е сериозна со своите намери кон мене затоа што не сакаше да ми донесе ниту сендвич и шолја кафе.

Јас сум во спалната, но кога ќе дојде време за оброк таа го напушта станот за сам да си направам во кујната.“

Одговорот на психологот од TheSun:

„Таа изреагирала премногу драматично и со тоа докажала дека не е многу способна за грижа и нега, но од друга страна можеби е преплашена таа да не фати корона или потајно ја мачи помислата што ако те изгуби тебе.

Можеби некогаш има изгубено сакана личност поради болест, па сега ситуацијата со тебе ѝ враќа лоши спомени.

Кога ќе закрепнеш и ќе биде безбедно да седите во иста соба, поразговарај со неа за тоа зошто не беше тука за тебе кога ти беше потребна за поддршка.

Ако нејзините причини не ти се соодветни и не даваат реално објаснување, тогаш помири се дека не те сака вистински и дека таа не е вистинската за тебе, но ако реално ти објасни што побудила оваа ситуација кај неа и зошто се однесувала така, тогаш дај ѝ уште една шанса и нагласи ѝ дека мора да бидете тука еден за друг во најлошото.“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg