Девојките после 26та година
Овој текст ни го испрати еден од нашите редовни читатели Томе Николов. Решивме да го објавиме затоа што сметаме дека постои можност дел...
...од девојките да се пронајдат во него.
Девојките после 26-тата година
Шетајќи низ големиот град со мислите залутан некаде помеѓу прекрасното пролетно утро и обврските кои што станаа неодложливи, па морав да ги завршам до крајот на денот, случајно налетав на една моја другарка со која што ме спојуваше целото минато, а ме разделуваше скоро целата иднина. Времето од кога ја немав видено сигурно се мереше со неколку години. Ми довикна од крајот на другата улица и целата пренесена глумејќи ја својата улога на пријатно изненадена типка дотрча до мене.
Разговорот почна сосема обично и за од чиста куртоазија не ја одбијам нејзината понуда за разговор на раат, решив да седнеме и да се напиеме по едно кафе затоа што изгледа имавме многу да си кажеме. По неколку голтки ладно макијато, цигара и неколку секојдневни прашања и одговори, разговорот се префрли на онаа за неа една од "најболните" теми - врските. Таа имаше 26 години и беше прилично убава девојка со изразени сини очи и долга костенлива коса.
Имаше дипломирано Англиски јазик и работеше како преведувач во една престижна фирма. Девојка идеална за сите мајки кои што нели на своите синови им посакуваат се најдобро. Но, се уште беше сингл. Тоа прашање за девојки кои што скоро си го имаа средено животот, и се имаа снајдено во него,з наев дека секогаш изнудува интересен одговор па и овој пат неможев да се воздржам а да не прашам:
- Зошто бе Ани сеуште сингл?
Очекувајќи да добијам некој од горе долу познатите кежуал одговори на тоа прашање, исполнет со голема доза на огорченост кон бившиот кој што ја изневерил со некоја типка која што сигурно е “погрда” од неа, јас ја добив мојата статија.
ДАЛИ ДЕВОЈКИТЕ СО 26 ГОДИНИ СЕ СЕУШТЕ СИНГЛ ЗАРАДИ ТОА ШТО СЕ ПЛАШАТ ОД ПРИТИСОКОТ ДЕКА ОВОЈ ПАТ НЕ ТРЕБА ДА ЗГРЕШАТ?
Дали мислат дека овој пат немаат време да импровизираат и мора да го најдат оној совршениот со кој ќе основаат фамилија и заеднички живот, па нивните критериуми ги креваат толку високо што просто не можат да најдат некој ни приближно сличен на тоа што го бараат?
Што би се случило доколку и овој пат налетаат на некој тип кој ќе си поигра со нив некое време глумејќи грижлив и духовит дечко и ќе ги остави да бараат нов во време кога ќе бидат навлезени уште подлабоко во своите години?
Неколку дена подоцна, разговарајќи со уште неколку пријатели и пријателки сфатив дека свесно или можеби и потсвесно скоро сите го чувствуваат тој притисок. И баш поради него знаат повеќето од нив да донесат погрешен избор во решавањето на тој свој проблем.
Кога ќе почнеш да бараш тип само за да ги задоволиш критериумите поставени од општеството премногу се мали шансите да донесеш правилна одлука. Можеби никоја од нив не се брза да стави бурма на рака и да изроди деца, но сите се плашат да се впуштат во некоја брзо испливана шанса само заради стравот дека нема да му се јави наредниот ден.
Но, тоа со себе си носи и друго прашање. Како би знаеле дека тој некој одговара на нив ако воопшто се плашат да пробаат да се смуваат со некого како што тоа го правеле порано. Знаеме дека не е исто некој да се однесува супер со нив и со нивните пријатели, а воедно и да биде онаа друга половина со која што понатаму треба да градат заеднички живот.
Однесувањето на момците во друштво и однесувањето на истите нив во врска скоро секогаш не’ разочарува. Често пати оние момци кои што воопшто не влегувале ни во плановите за “една вечер” знаеле во врска да се покажат како идеални партнери на секое поле. Но, како тоа би го знаеле ако воопшто не сакаат да ризикуваат со некој со кој уште при првото запознавање им дал понуда за кафе, или карта за во кино?
Тоа е исто како да купиме некои фармерки кои само сме ги виделе на излог и сме заклучиле дека се убави, но воопшто не сме ги пробале за да видиме како ќе ни стојат.
Ако не сме спремни да бидеме повредени, не сме спремни ни да бидеме вљубени.
Ако не сме спремни да ризикуваме, не сме спремни ни да добиваме.
Треба да сфатиме дека вината за крајот на врската никој нема да ја бара во нас ако ние сме дале се за таа да успее, без разлика дали било тоа на 16 на 26 или 36 години. Животот е полн со изненадувања и скриени шанси. Безброј бонус полиња на кои што треба да згазнеме и безброј пандорини кутии кои што мораме да ги отвориме.
Само прифаќањето на предизвиците е добро искористена можност. А, само добро искористената можност може да не донесе до поволен резултат. Тоа е патот кон успехот на чии темели треба да го градиме нашиот живот.
Не ги штедете шансите зошто може да го пропуштите животот. Нели на крајот на краиштата и животот е само една шанса која ќе биде онолку голема колку што ние добро ќе ја искористиме.
- Томе Николов