Како изгледале ликовите од филмот Titanic во реалноста?
-->
Иако во филмот Џозеф Брус Исмај е претставен како лош човек, во реалноста спасил многу патници, а се спасил и самиот. Но, бидејќи тој одлучил да се намали бројот на чамци за спасување, неговата репутација била уништена засекогаш.
Маделин Форс била бремена за време на патувањето, а нејзиниот сопруг се потрудил да стигне до чамците за спасување. Таа се породила неколку месеци после катастрофата.
Џон Филипс бил радио операторот на бродот. Тој продолжил да бара помош преку радиостаницата до последен момент и, за жал, не ја преживеал катастрофата.
-->
Харол Брајд му бил колега на Џон Филипс и, за разлика од него, се спасил. После трагедијата, неговите сведоштва биле од огромна важност.
Џон Џејкоб Астор бил еден од најбогатите луѓе во светот во тој период, но не ја преживеал катастрофата.
Фредерик Флит бил одговорен за надгледување на океанот, но подоцна изјавил дека за таа работа не му дале ни двоглед. Што значи, било речиси невозможно да ја забележи сантата мраз.
Луси Даф-Гордон била модна дизајнерка и се спасила, заедно со сопругот, качувајќи се на првиот чамец за спасување.
-->
-->
Космо Даф-Гордон е сопругот на Луси, за кого има гласини дека го поткупил екипажот за да се качи на чамец пред жените и децата.
-->
Главниот офицер на бродот, Хенри Вајлд, зад себе имал блескава кариера, но не го преживеал тонењето на бродот.
Бенџамин Гугенхајм не го преживеал тонењето, а според некои сведоци, останал на палубата за да го слуша оркестарот.
-->
Би можело да ве интересира:
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности
Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода
Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една
Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал
Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ...
„Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле
Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...