Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Емотивни илустрации: Животот на кралското семејство кога принцезата Дијана би била уште помеѓу нив

Празничен ручек и игри со внуците, поддршка во најважните мигови на синовите Хари и Вилијам и дружба со снаите Кејт и Меган – илустраторка прикажува како би изгледале заедничките, интимни моменти на кралското семејство со принцезата Дијана, доколку таа беше уште помеѓу нив.

emotivni-ilustracii-zhivotot-na-kralskoto-semejstvo-koga-princezata-dijana-bi-bila-ushte-pomegju-nas-01.jpg

Графичката дизајнерка и илустраторка @autumn.ying прави прекрасни илустрирани дела и ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.

Покрај приватните илустрации и оние од познатите личности, посебно внимание одвлекуваат илустрираните моменти на британското кралско семејство со принцезата Дијана, кога би била жива денес.

Таа ја црта принцезата Дијана во интимни моменти со семејството, како свадби, божиќни ручеци и прошетки, кои покажуваат како би изгледал нивниот живот доколку таа уште беше помеѓу нив, а нејзините дела будат измешани емоции.

Од поддршка на синовите на нивните свадби и дружење со Меган и Кејт, сопругите на нејзините синови - до празнични ручеци и игри со внуците и присуство на важни семејни моменти.

Нејзините синови Вилијам и Хари беа многу поврзани со неа, а до ден-денес тие знаат да се отворат за болката која ја чувствуваат, како и да откријат некои интересни моменти од времето поминато со нивната мајка, кое за жал беше прекратко.

Нивната мајка не беше со нив на многу важни моменти низ годините, а овие емотивни илустрации прикажуваат како би изгледало денес семејството, доколку таа не заминеше прерано: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg