21-годишна девојка од Чешка е опседната да изгледа како Барби
Таа била прекрасно русокосо девојче кое ги обожавало своите барбики, но во еден миг тоа преминало во опсесија и Габриела сакала да стане барбика од реалноста.
Габриела Јирачкова e 21-годишна девојка која е позната како Барби од Чешка. Моделот и пејачка има долга руса коса и извајано тело.
Таа уште од дете била опседната со изгледот на познатата кукла, имала стотици барбики во својата колекција и сакала да изгледа така.
https://www.instagram.com/p/BssJVNOj0Zp/
Кога пораснала одлучила да ги зголеми усните, да ги продолжи трепките и косата и да ја бојадиса во светло руса нијанса.
Таа ставила и импланти во градите и ботокс инјекции. Има направено промени и на изгледот на брадата, очите и носот, а некои од нејзините следбеници се сомневаат дека дури има отстрането ребра за да има потенок струк.
Габриела на оние што ја критикуваат за изгледот им порачува дека во овој свет веќе нема ништо природно, па дека нема потреба толку ја напаѓаат нејзината „вештачка“ убавина.
Како изгледа чешката Барби:
https://www.instagram.com/p/CJJ7Db3lpVK/
https://www.instagram.com/p/CHdVpGlliVJ/
https://www.instagram.com/p/CGx42Aul6C3/