За што друго можете да го користите средството за дезинфекција на раце?
Откако почна пандемијата, никој не излегува надвор без средство за дезинфекција на раце, па дома сигурно имате еден куп шишенца. Но знаевте ли дека ова средство може да ви се најде за многу други работи?
Поради големото количество алкохол, средствата за дезинфекција на раце се и одлични за дезинфицирање други површини во моментите кога нема нешто друго при рака.
Погледнете за што сè можете да ги користите овие средства:
Чистење очила
Нанесете 1-2 капки на секоја страна од стаклата и нежно избришете ги со хартиено шамивче. Средството ќе ви помогне лесно да ги отстраните отпечатоците од прсти.
Сепак, многумина советуваат дека зависно од стаклата, некои типови може да се почувствителни на состојките, па подобро прашајте каде што сте ги купиле стаклата за да бидете сигурни дека нема да ги оштетите.
Чистење на пеглата за коса
Hанесете малку од средството на пеглата за коса, оставете да делува 2-3 минути, па избришете со хартиено шамивче. Вака ќе ги отстраните сите бактерии од неа. Не заборавајте, пеглата треба да биде исклучена од струја и треба да оставите да помине некој период пред повторно да ја вклучите по чистењето.
Отстранување лак за коса од огледало
Само нанесете од средството на крпа и избришете го огледалото
Чистење четки за шминкање
За темелно да ги исчистите четките за шминкање, прво ставете им средство за дезинфекција, а потоа исплакнете ги и со вода.
Отстранување перманентен маркер од табла
Ако случајно искористите перманентен маркер на таблата, можете да го отстраните со средство за дезинфекција на раце. Можеби ова нема да успее баш за сите маркери, но вреди да се проба.
Чистење маус и тастатура
Тастатурата и маусот се полни со бактерии, па средството за дезинфекција е одличен начин да ги исчистите. Нанесете од средството на крпа, избришете ги тастатурата и маусот и оставете ги да се исушат.
Чистење јавен тоалет
Ако мора да одите во јавен тоалет, можете да ја дезинфицирате школката со средство за дезинфекција на раце. Нанесете од средството на школката, оставете да делува 30-тина секунди, па избришете со тоалетна хартија.
Чистење на вашиот смартфон
И смартфонот е уред полн со бактерии, па средството за дезинфекција на раце е одличен начин да го исчистите. Нанесете малку од средството на крпа или хартиено шамивче и избришете го екранот. Ова веројатно досега ви стана навика...
Спирова С. | Црнобело