Восок наместо ботокс, диета со консумирање паразити - најбизарни медицински методи низ историјата

Пред појавата на модерните науки, луѓето користеле разни чудни методи за лекување на пациентите.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 01 630x330.jpg

Од нив, сепак постојат навидум бизарни медицински практики кои лекарите сѐ уште ги користат, бидејќи нивниот краен исход се покажал како позитивен.

Голем број од постарите медицински методи само прераснале од една во друга форма, некои од нив модифицирани со современата медицина, додека пак други се целосно напуштени, затоа што биле толку опасни што честопати ги убивале оние кои всушност требало да се излечат.

Во продолжение ви наведуваме неколку од нив:

Лоботомија

На почетокот на 20 век, лекарите биле целосно подготвени за лекување на пациенти со ментални заболувања, кои во тоа време ги преплавувале болниците.

Еден од третманите, особено популарен во 1930-ите години е лоботомијата - отстранување на делови од мозокот за да се спротивстават на депресивните симптоми.

Дури и во тоа време, се признавало дека станува збор за опасна практика, која честопати ги оставала пациентите со трајна попреченост, ја уништувала нивната способност за функционирање во општеството, како и нивната меморија.

Сепак, само во Америка на лоботомија биле изложени повеќе од 40.000 луѓе, честопати без нивна согласност.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 02 630x499.jpg

Терапија со елекро-шокови

Кај нас позната како електроконвулзивна терапија (ЕКТ). Третманите со електрошок за првпат се користеле во 1940-ите години, како алтернатива на лоботомијата за лекување на разни форми на депресија и манија, најчесто користени за лекување на хистерија.

Електроконвулзивната терапија е остро критикувана во јавноста заради нејзината претпоставка дека го зголемува ризикот од самоубиство кај пациенти третирани на овој начин. Еден од нив е Ернест Хемингвеј.

Терапијата со електрошок, исто така, честопати се прикажувала на филмското платно, што дополнително ги зголемило критиките.

На почетокот на овој вид на третман, се појавил и проблем од етичка природа, заради недостаток од согласност на пациентот и неможноста за ублажување на болката од која страдаат пациентите, за време на третманот.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 03 630x438.jpg

Трепанација

Трепанацијата е хируршки метод што вклучува дупчење на черепот за олеснување на притисокот во мозокот и се користела во третманите на епилепсија, мигрена и слично.

Исто така, станувало збор за вообичаена постапка за физички повреди на главата, како што е фрактура на черепот, сериозни удари во главата и др.

Овој метод честопати завршувал фатално, како резултат на инфекции на мозокот, што се појавувале како директна последица на дупчење на черепот во нехигиенски услови.

Практиката на дупчење на черепот за на некој начин сѐ уште се користи и ден-денес, но со многу повеќе хуманост (и со анестезија), што не било случај во минатото. Истовремено, процедурата се прави само кога ќе се утврди што точно е проблемот во мозокот на пациентот.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 04 630x378.jpg

Секс со девица како третман за сифилис

Застрашувачкиот мит дека некој заразен од оваа инфекција може да се излечи преку сексуален однос, датира од 16 век.

Во тоа време се сметало дека мажите кои имале сексуален однос со жена-девица, имале големи шанси да се излечат. Луѓето верувале дека сексуалниот однос со девица може да биде лек и за други сексуално преносливи болести, како гонореја.

За жал, ова бизарно суеверие продолжило во некои делови на не толку развиениот свет, особено во Африка, што резултираше во бројни пријавени случаи на силување на девојчиња.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 05 630x473.jpg

Намерно инфицирање со маларија

Порано, а во некои случаи и денес се среќаваме со праксата децата да бидат изложени на намерна инфекција, со цел да го стекнат својот имунитет.

Еден таков случај во минатото вклучувал луѓето коишто биле заразени од сифилис, да стапат во контакт со луѓе заразени од маларија.

Се верувало дека треската предизвикана од маларија може да излечи сифилис, а потоа маларијата ќе се лекува со некои други, исто така, застрашувачки третмани.

Со текот на времето, стручњаците докажале дека во најголем дел од случаите, маларијата е смртоносна за луѓето заразени од сифилис.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 06 630x473.jpg

Инјекции од парафински восок

Во раната појава на ботоксот, 19 век, лекарите користеле парафински восочни инјекции за да ги „пеглаат“ брчките.

Но, со текот на времето восокот се стврднувал и се претворал во густа, болна, парафинска грутка.

Откако сфатиле што направиле, научниците веднаш ги повлекле од употреба загрозувачките парафински инјекции.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 07 630x420.jpg

Диета со консумирање паразити

Исхраната со паразити, односно тенија, претставувала метод за губење на тежината во почетокот на 20 век, и таа се ослонувала на несигурната практика на лекарите, за внесување на паразити во организмот со надеж дека тие ќе ја консумираат храната која лицето претходно ја изело, истовремено предизвиквуајќи и повраќање и дијареја.

Сепак, јасно е дека намерното внесување паразити во стомакот не е воопшто добра идеја и, за среќа, оваа диета повеќе не е препорачана.

seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-paraziti-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata-02.jpg

Испуштање на крвта

Средновековните лекари верувале во четири типа на „темпераменти“ кај луѓето.

Тие се: сангвистичен, холеричен, меланхоличен и флегматичен темперамент. Лекарите верувале дека недостатокот на кој било од овие четири темпераменти доведува до нарушување на здравјето на луѓето.

Во медицинската наука од средниот век, нашироко било прифатено дека болните луѓе имаат премногу крв, што предизвикувало поголема дисхармонија меѓу нивните темпераменти.

Се сметало дека единствениот начин за нивното лекување било „цедењето на крвта“. Тоа можело да се направи на два начина: со употреба на пијавици или пак со сечење на делови од телото.

Верувале или не, пијавиците сè уште се користат во некои легитимни медицински процедури, како и во алтернативните медицински практики.

Таканаречената хирудотерапија или медицинскиот третман со пијавици е многу популарен кај холивудските ѕвезди, како и кај луѓето од повисоката класа.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 09 630x531.jpg

Животински измет како лек

Животинскиот измет долго време се користел за лекување на разни заболувања и за производство на многу лекови, сѐ до крајот на 19 век.

Во викторијанската доба, постоел лек за смирување на болки во грлото, кој се состоел од исушен кучешки измет, а античките Египќани користеле измет од магаре, крава, куче, газела или муви во многубројни медицински цели.

Интересен факт е тоа што понекогаш овие методи доведувале до труење, а понекогаш бактериите во изметот всушност се покажале како лековити.

Seks-so-devica-dieta-so-konsumiranje-na-pijavici-najbizarni-medicinski-metodi-niz-istorijata 10 630x420.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg