Да владее и да украсува - Значењето на името Кузман

Името Кузман произлегува од името Козма. Оригиналната форма на името е Κοσμᾶς, а ова е име со грчко потекло. Значење на името e поврзано со именката κόσμος што значи - вселена, универзум и со глаголот κοσμέω, што значи - да наредува, да владее, да украсува, а е поврзано со поредок.

Znacenjeto-na-imeto-Kuzman-01.jpg

Името Козма обично се поврзува со светите бесребреници Козма и Дамјан. Треба да се напомене дека постојат три различни двојки Козма и Дамјан: првите живееле и пострадале (од завидливоста на својот учител) во Рим, во 284 година; вторите живееле и мирно се упокоиле во Азија, исто во III век по Христа; а третите Козма и Дамјан се Арапи, пострадани од гонителите на Христијаните, во Киликија на почетокот на IV век.

Кога Кузман слави именден? Бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан Азиски и нивната мајка преподобна Теодотија (III) се празнува на 14 ноември (по нов стил).

Оние коишто го носат името Кузман се скромни, љубезни и талентирани. Тие се и многу упорни, но и тврдоглави луѓе. Најчесто добродушниот хумор го претвораат во сарказам, па се сфатени многу погрешно од оние околу нив.

Друштвени и многу емотивни, оние со името Кузман се меки во срцето, сакаат многу да се шегуваат со другите, но не прифаќаат кога потсмевот е насочен кон нив.

Дали вие познавате некој Кузман во животот? Доколку одговорот е потврден, означете го во коментар и посакајте му убави празнични денови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg