Не за секс пред брак и уште неколку интересни факти за љубовните врски во Кина

Кина е земја со исклучително уникатни обележја, населена со фасцинантно работливи и талентирани луѓе.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 01 630x330.jpg

Таа разобилува со навистина поинаква култура, во однос на различната храна, забава, музика, социјалните медиуми, функционирањата и сфаќањата помеѓу луѓето.

Овојпат ќе се осврнеме на љубовните состаноци, односно специфичностите кои со себе „ги примила“ оваа држава во врска со љубовното сплотување.

Мислевте дека постојат стандарди за една љубовна врска и љубовен состанок? Уверете се во спротивното.

„Сериозните“ врски започнуваат по завршување на колеџ

Поради строгиот приемен испит  на факултет, љубовните врски навистина ретко се толерираат кај средношколците, па неретко ова се случува и кај студентите.

Едноставно, тоа е така затоа што тие имаат премногу училишни обврски. Сепак, тоа не значи дека овие тинејџери немаат симпатии и љубовни врски во средно училиште, но претежно тие се тајни.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 02 630x354.jpg

Генерално, средношколците од Кина ги напуштаат училиштата со многу помало романтично искуство отколку нивните врсници од Европа или Америка.

За многу Кинези, сериозните љубовни врски започнуваат дури откако ќе ја завршат својата предвидена едукација, така што ќе бидат спремни за ново поглавје во својот живот.

Прагматичнa цел

Голем број Кинези гледаат на љубовните состаноци како на „користољубива“ афера. Можеби звучи грубо, но тие работите ги доживуваат малку поинаку.

Не секогаш станува збор за пронаоѓање на сродна душа, колку што е пронаоѓање на потенцијален партнер за брак, кој одговара на сопствените идеали.

На пример, кинеските жени и мажи честопати велат дека бараат личност која има стабилна кариера и ќе може адекватно да се грижи за неа/него и за нивните идни деца. Не секогаш станува збор за љубов.

Оттука произлезе една од најпознатите изјави, воедно изречена од натпреварувач на најпопуларната емисија за љубовни средби во Кина: „Повеќе сакам да плачам во БМВ, отколку да се смеам на велосипед“.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 03 630x420.jpg

Допаѓањето на родителите е од особена важност

Се разбира, ова зависи и од типот на родители, но генерално Кинеските родители очекуваат да бидат во поголем процент вклучени во односите на нивните деца.

Многу често во Кина родителите, особено бабите и дедовците им наоѓаат потенцијални „кандидати“ на своите деца или внуци, коишто воедно соодвестуваат на она што тие го бараат за нив.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 04 630x420.jpg

Ако партнерот не им се допадне на родителите не значи дека по секоја цена врската ќе се распадне, но навистина може да го промени нејзиниот тек и функционирање.

Одовде доаѓаме до непишаното правило: Првиот впечаток е од особена важност!

Секс пред брак или сепак не?!

Општо гледано, сексот пред брак во Кина е распространет навистина поретко и се смета за посериозен чин отколку во многу западни култури.

Се разбира, ставот кон ова прашање е релативен и брзо се менува, особено во повеќето космополитски градови како Пекинг и Шангај, но генерално многу Кинези гледаат на сексот како знак дека врската е насочена кон брак.

Покрај тоа, многу Кинези велат дека би сакале да се омажат за жена која немала сексуални односи пред брак.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 05 630x420.jpg

Брачни сфаќања

Крајната цел на повеќето врски во Кина е брак. Младите честопати се под голем притисок од повозрасните во нивното семејство да најдат добар маж или жена и да се венчаат релативно рано.

Овој притисок е особено акутен кај жените, кои во некои случаи ги нарекуваат „преостанати“ жени ако ја преминат возраста од 26 или 27 години, без да најдат сопруг.

Мажите можат да се најдат во слична ситуација доколку премногу чекаат за да стапат во брак. Ова е всушност одговара на поголем дел од прашањето зошто врските во Кина се сфаќаат толку сериозно.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 06 630x60.jpg

Овие млади луѓе честопати се чувствуваат како да немаат време да уживаат во годините, за разлика од луѓето на Запад на кои тоа им го овозможува општеството.

Различни карактеристики и очекувања

Љубовните парови во Кина исто така можат да бидат нешто поразлично. На пример, честопати ќе видите млади парови кои носат идентична облека, што е речиси невидено на Запад.

Многумина од нив не го делат западното размислување дека две лица кои се заедно, одржуваат и свои засебни, социјални животи и имаат свои пријателски кругови.

Кинеските парови понекогаш се нарекуваат едни со други „сопруг“ и „сопруга“ дури и кога всушност не се во брак, што е уште еден показател за сериозните импликации карактеристични за Кина.

Ne-za-seks-pred-brak-koristoljubiva-afera-nasproti-srodna-dusha-po-shto-se-razlikuvaat-ljubovnite-vrski-vo-Kina-od-ostanatite-shirum-svetot 07 630x380.jpg

Се разбира, сите набројани факти се општи генерализации и тие не се однесуваат на сите Кинези поединечно.

Последните години покрај традицијата, општеството или културата, љубовните врски во Кина се регулирани од тоа што мислат и чувствуваат двајцата поединци, така што не е премногу тешко да се најдат парови кои не одговараат на некоја, па дури и на ниту една општа опсервација наведена погоре.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg