Таа има големо срце, а името буквално ѝ значи „слава“: Значењето на името Славица

Славица е особено популарно име на балканските простори, а во Македонија последниве неколку години е името што ја замени „Американската Карен“ во сите шеги поврзани со личноста од секојдневниот живот која по малку ви оди на нервите.

Znacenjeto-na-imeto-Slavica-01.jpg

Сепак, Славица е исклучително значајно име за нашиот простор, па го објаснуваме значењето на името: Слава. Името потекнува од словенскиот збор „слав“ што означува слава. Најчестата варијација на името е Славка.

Славица се поврзува со следните карактеристики: пријателски настроена, креативна, активна, внимателна и компетентна. Таа има големо срце и е навистина добар другар.

Приврзана е за домот и семејството, принципиелна, а најмногу мрази предавство. Штом некој ја изневери нејзината доверба, Славица го брише од нејзиниот живот.

Имате ли и вие Славица во својот живот? Означете ја во коментар на првиот ден од Новата 2021 и посакајте ѝ убава година.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg