Од дозволено пушење цигари, до задолжително носење маска: Колку се промени летањето со авион, низ фотки
Комерцијалните авионски летови постојат веќе цел век и во тој период се промениле многу нешта.
Додека првите комерцијални авиони немале ни греење, ни звучна изолација, денес авионите се опремени со телевизори и технологија што ги задоволува сите потреби на патниците.
Погледнете колку се променило летањето со авион од 1920-тите до денес:
1920-ти: Овој период се направени првите авиони само за патници, кои биле многу гласни и обично возењето со воз било многу побрзо од летање. Целото искуство било многу непријатно и во авионите било многу студено.
1930-ти: Овој период се појавиле стјуардесите, а авионите станале многу поудобни – имале звучна изолација и греење. Авионите почнале да летаат на поголема висина и патувањето станало многу побрзо.
1940-ти: После Втората светска војна, во САД и Европа останале многу авиони кои бие пренаменети за комерцијални летови, а почнале да се градат аеродроми поблиску до главните градови во Европа, како Heathrow во Лондон.
1950-ти: Овој период се смета за златната ера на летањето со авион, а билетите биле многу скапи. Патувањето со авион било навистина гламурозно – патниците се дотерувале и им служеле скапи пијачки и храна.
-->
-->
1960-ти: Во 60-тите летањето станало честа појава и овој период луѓето можеле да летаат со авион без никаков документ за идентификација. Патниците не обрнувале толку внимание на облеката како претходната деценија, но сепак се средувале за секој лет.
-->
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Пица, шпагети: Храна која нам ни е секојдневие, но била егзотична за нашите баби и дедовци
„Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 го...

Луѓе откриваат со кои неочекувани последици (и придобивки) се соочиле откако ослабеле
„Мене лично ми се јавија несигурности за други работи. Кога бев поголема, бев не...

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта
Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac...
Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно
Според легендата, гостин во ресторан не бил задоволен од помфритот и побарал ком...