10-те најлајкувани Инстаграм објави до крајот на 2020-та - фотката од јајце повторно е на врвот

Објави во чест на Коби Брајант и Диего Марадона, фотката на Џенифер Анистон со екипата од Friends, објавата на Кајли Џенер за роденденот на Тревис Скот - кои се најлајкуваните Инстаграм постови до крајот на 2020-та?

10-te-najlajkuvani-instagram-objavi-vo-2020-ta-godina-fotkata-od-jajce-povtorno-e-na-vrvot01.jpg

Кајли Џенер беше прогласена за најплатена славна личност за 2020, а изгледа е и „најлајкувана“ ѕвезда на Инстаграм. Од 10-те фотки на Инстаграм со најмногу лајкови до крајот на оваа година, две ѝ припаѓаат на Кајли Џенер.

Многу од најлајкуваните објави се во чест на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој годинава трагично го загуби животот. На листата се наоѓаат и неколку објави посветени на уште една спортска ѕвезда што ја изгубиме годинава – фудбалерот Диего Марадона.

10-те најлајкувани Инстаграм објави за 2020-та година:

10. Леброн Џејмс

Објавата на Леброн Џејмс во чест на Коби Брајант има 15,4 милиони лајкови.

„Не сум подготвен, но еве. Седам овде и се обидувам да напишам нешто за оваа објава, но секојпат почнувам да плачам додека размислувам за тебе, Џиџи и пријателството/врската/братството што го имавме! Го слушнав твојот глас во недела наутро пред да одам во Лос Анџелес. Ни во милиони години не би помислил дека тоа ќе биде посредниот разговор што ќе го имаме“, стои во неговата емотивна објава.

View this post on Instagram

A post shared by 👑 (@kingjames)

9. Tentree

Иако објавата на брендот за облека Tentree е од април 2019-та, сепак е една од најлајкуваните и годинава. Брендот вети дека штом објавата ќе добие 5 милиони лајкови, тие ќе засадат половина милион дрвја.

Моментално објавата има 15,5 милиони лајкови, а во описот пишува дека штом ќе стигне до 20 милиони, ќе засадат 1 милион нови дрвја.

8. Кајли Џенер

Иако Кајли и Тревис Скот се разделија, тие заедно се грижат за нивната ќерка Сторми. Кајли, пак, неретко споделува и фотографии од него. Во април, во чест на неговиот роденден, Кајли сподели неколку фотографии и видеа со опис:

„Среќен роденден за таткото на годината! Полека но сигурно го прифаќам фактот дека Сторми е татина ќерка“.

Досега објавата има 15,9 милион лајкови.

https://www.instagram.com/p/B_nR1yfHciI/?utm_source=ig_embed

7. Лионел Меси

Објавата на Лионел во чест на починатиот Диего Марадона досега има 16,3 милиони лајкови. Кратко по смртта на фудбалската легенда, Лионел сподели две фотки од него и Диего.

6. Џенифер Анистон

Уште една објава од 2019 која остана популарна и годинава. Џенифер Анистон првпат си направи Инстаграм профил лани, а моментот го обележа со групна фотка од екипата од Friends.

Од ова станува јасно дека серијата е популарна повеќе од една деценија од нејзиното завршување, а Анистон стана личноста која најбрзо собрала 1 милион следбеници на социјалната мрежа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Убил девојка, па отишол на кафе – Морничавите злосторства на Холанѓанецот кој призна вина по 18 годи... Јоран ван дер Слут од Холандија неодамна призна дека убил 18-годишна девојка, це...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg