Предлози како да ја дочекате Новата година дома, а да не ви биде како секоја вечер
Видеоповик со пријателите
Технологијата значително ни ја олесни пандемијата – благодарение на интернетот и видеоповиците, не бевме целосно изолирани од саканите.
Бидејќи нема да ги видите пријателите на новогодишната ноќ, зошто да не одвоите малку време за групен видеоповик и да наздравите за новата година?
Направете тегла со најдрагите спомени
Со партнерот или домашните можете да почнете и интересна традиција. Најдете поголема тегла во која ќе ги чувате најдрагите спомени од 2021.
Во текот на наредните 12 месеци, секојпат кога ќе се случи нешто убаво, запишете го на лист хартија и ставете го во теглата. Следната Нова година отворете ја и присетувајте се на најубавите мигови.
Направете вечера
Тоа што ќе бидете дома, како и секоја друга вечер, не значи дека не треба да си направите празнична трпеза. Направете си даски од омилените јадења и уживајте како да сте на прослава, но дома и во најтесниот круг. Или пак, згответе си го омиленото јадење. Овојпат немате платено мени, па изборот е ваш.
Облечете го омилениот фустан/одело
Не е важно тоа што ќе прославувате дома – на новогодишната ноќ заслужувате да заблескате во омилената модна комбинација.
Гледајте филм или серија
Ако не сте расположени за музика и танцување или генерално не сте личност која сака многу прослави, можете да ја обележите вечерта со вашиот омилен филм или серија.
Спирова С. | Црнобело