Предлози како да ја дочекате Новата година дома, а да не ви биде како секоја вечер
Повеќето луѓе не можат ни да си замислат да ја дочекаат Нова година дома, но овојпат ситуацијата е поразлична – мораме да бидеме одговорни и солидарни и еднаш да се откажеме од новогодишните забави.
Но, сето ова не значи дека не можете да прославите и дома, со партнерот или најблиското семејство, и да си поминете убаво.
Наместо да тагувате и негодувате за ситуацијата, зошто да не го извлечете најдоброто од неа и да прославите со оние кои ви се всушност најважни и заедно да се подготвите за предизвиците во 2021-ва?
Секако дека некои ги прават овие активности и во обична вечер, но искомбинирајте неколку и поминете си убаво наместо да заспиете:
Направете новогодишен бранч
Годинава се откажавме од секаков тип забави, но секогаш можете да си направите денска забава и дома, во кругот на најблиските.
Соберете ги домашните, направете вкусен оброк, отворете шише бело вино и присетувајте се на убавите моменти од оваа година.
Украсете го домот
Ако досега не сте го украсиле домот, потрудете се да создадете празничната атмосфера барем за новогодишната ноќ. Доволно е да закачите и само сијалички за да ја почувствувате новогодишната магија.
Запишете ги вашите планови и цели
Можеби 2020 не ви дозволи да ги реализирате целите, но ова не треба да ве обесхрабри. Во текот на денот, пред да почнете со домашната прослава, одвојте малку време и размислете што сакате да постигнете во 2021, кои работи сакате да ги промените, кои места да ги посетите ако имате можност…
Направете си листа и надевајте се дека новата година ќе ви даде можност да реализирате нешто од неа.
Играјте друштвени игри
Без разлика дали живеете со партнерот, децата или родителите, друштвените игри се одличен начин да го исполните слободното време и да се забавувате.
Направете коктели
Претворете го домот во бар и со партнерот или семејството направете си новогодишни коктели. На интернет можете да најдете безброј идеи, а и оваа активност сигурно ќе ви помогне да се ставите во новогодишно расположение.