Како се псуе по светот?
Псовките се меѓу првите зборови кои ги учиме на странски јазик. Некои јазици нудат широк репертоар на псовки кои се посебно актуелни и интересни...
...за странци (како на пример нашите).
Ова се некои псовки од светот кои можеби не сте ги сретнале до сега:
1. Курист! Ненороцит! – Романски. Курист буквално значи „корисник на задник“ но во овој контекст се користи со сексуално значење.
2. Бордел! Бордел де мерде! – Француски. Французите во псовките ги користат јавните куќи, а при тоа се лутат на нередот и хаосот околу себе.
3. Kräiz Batterie! – Луксембуршки. Овде најчесто може да чуете псовки на германски и француски, но познавачите на луксембуршкиот јазик го користат и овој израз кој може да се спореди со нашиот „по ѓаволите“.
4. Schmuck! – Еврејски израз кој доаѓа од германскиот јазик. Се мисли на машки полов орган, а всушност означува накит.
5. Пук Гаи! – Кантонски. Го зборуваат кантонските кинези и буквално значи „падни на улица“, но колоквијално се користи како „срање“.
6. Бака! Тако! – Јапонски. Бака (идиот, будала) е мешавина од магаре и елен.
7. Ánte chásou – Грчки. Релативно културна псовка што значи „изгуби се“, а често се користи и "ánte pníksou" - удави се.