8 знаци дека силно ве погодила кризата на 30-тите години
Не стапивте во брак, не добивте дете, не заработувате колку што сакате, не патувавте доволно и што уште не... Постојано ги гледате Фејсбук профилите на врсниците и се полните со фрустрација и горчина затоа што тие постигнале многу повеќе во животот од вас.
Многумина кога ќе наполнат 30 години се под голем стрес, чувствуваат анксиозност и страв. Дали и вие сте меѓу нив?
Тука се соочувате со реалноста, односно со фактот што не станавте тоа што сакавте да станете кога ќе „пораснете“.
Можеби се осудувате дека потфрливте на поле професија, брак, деца или што и да ви било идеја за овој период од животот, но тоа е само криза низ која е нормално да поминувате заради притисоците, но треба да гледате што побрзо да излезете од неа, бидејќи не ви носи ништо добро. Бидете среќни со себе.
Симптоми дека ве погодила кризата на 30-тите години:
Се чувствувате незадоволни околу својот живот
Ниту изградивте некоја спектакуларна кариера, ниту ја запознавте вистинската личност со која ќе бидете заедно во крајот на животот. Чувствувате дека направивте сериозни грешки при некои важни животни избори.
Живеете на „автопилот“ режим
Имате чувство дека животот ви е монотона низа од одење на работа, доаѓање дома, јадење и спиење. Големите соништа ви испарија, а вие сте преоптоварени со малите рутински обврски кои не ви носат задоволство.
Во состојба на апатија сте
Притисокот од општеството да направите сѐ во одреден тајминг од животот прави да чувствувате дека доцните и стоите во место. Мислите дека направивте големи грешки и дека е предоцна за сѐ.
Не стапивте во брак, не добивте дете, не заработувате колку што сакате, не патувавте доволно и што уште не.
Постојано се споредувате со други луѓе
Постојано ги гледате Фејсбук профилите на соучениците од средно и врсниците од факултет и се полните со фрустрација и горчина затоа што тие постигнале многу повеќе во животот од вас. Дури им завидувате и паѓате во депресија.