8 знаци дека силно ве погодила кризата на 30-тите години

Правите работи кои се необични за вас

За да ја смирите анксиозноста во вас правите чудни и импулсивни работи. На пример ненадејно давате отказ на работа, прекинувате сериозна врска, ставате тетоважа, драстично ја менувате фризурата или нешто слично.

Но, мора да запомните дека психолошките проблеми се решаваат со сериозна работа на себе, а не со драстично менување на физичкиот изглед на пример.

8-znaci-deka-silno-ve-pogodila-krizata-na-30-tite-godini-06.jpg

Го нагласувате мислењето на луѓе со кои имате само површно познанство, наместо на вашите сакани

Постојано се мачите да дознаете „кој сум јас и што сакам“ и се барате себеси, преиспитувајќи работи од минатото кои ве направиле тоа што сте и предвид земате мислења на луѓе кои се речиси странци за вас.

8-znaci-deka-silno-ve-pogodila-krizata-na-30-tite-godini-07.jpg

Имате проблем со спиењето

Анксиозноста си го зема данокот и вие сте под хроничен стрес, преморени сте и не можете да спиете навечер.

8-znaci-deka-silno-ve-pogodila-krizata-na-30-tite-godini-08.jpg

Претерано сте загрижени околу изгледот

Паничите за брчките, за секој килограм плус и на моменти сте прекумерно опседнати со изгледот. Во ред е да се негувате себеси, но не и да паѓате во депресија затоа што не изгледате како на 20 години и да правите пластични операции и да се чувствувате огорчено.

8-znaci-deka-silno-ve-pogodila-krizata-na-30-tite-godini-09.jpg

Како да си помогнете ако ги препознавте симптомите кај себе?

Првиот чекор е да се смирите и да си признаете дека е нормално да чувствувате ваква криза во 30-тите години, но важно е да излезете од неа и да не дозволите да трае предолго, бидејќи не постојат правила по кои мора да го живеете животот, само треба да сте среќни.

Ова е период од животот кога личноста се преиспитува себеси, се ослободува од илузиите од младоста и презема одговорност за своите постапки.

Психолозите кризата на 30-тите велат дека трае од 2 до 7 години и има фази на одбивање, бес, очај и на крај прифаќање на себеси.

Прашајте се сами што сакате и правете некои нови и креативни работи во животот. Гледајте на животот како на патување полно со промени и откритија, во кое не постои прирачник како треба. Падовите не значат откажување, туку барање на нов пат.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg