Маж покажува што е секси кога сте во брак, со „пред и потоа“ фотки од чистење

Кори Питерс од Алабама, САД, решил да му покаже на светот што значи зборот „секси“ кога сте во брак, па почнал да објавува „пред и потоа“ фотографии на кои се гледа дека го чистел домот.

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-01.jpg

Кога секој ден одите на работа, а притоа имате деца и обврски во домот кои чекаат на вас, веројатно најмногу би се израдувале кога ќе сфатите дека некој, во овој случај партнерот, ви помогнал со домашните обврски. Кори сакал да го покаже токму тоа, кога почнал да ги прави неговите фотографии.

Кори објавил неколку „пред и потоа“ фотографии на кои покажува што исчистил во домот и смета дека тоа се најсекси фотките што можете да ѝ ги испратите на сопругата.

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-002.jpg

„После 7 години поминати со сопругата, тврдам дека ништо не е посекси од тоа да ѝ испратите ваква фотографија на партнерката. Момци, ако мислите дека на вашата врска ѝ треба нешто ново, испратете ѝ некоја ваква фотографија и ви ветувам дека кога партнерката ќе се врати дома, нема да ги тргне рацете од вас“.

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-03.jpg

Кори ги споделил фотографиите на Facebook и генерално добива само позитивни коментари и од жени, но и од мажи.

Па, мажи, ако сакате да ја изненадите партнерката, обидете се со советот на Кори и испратете ѝ ваква „секси“ фотографија.

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-04.jpg

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-05.jpg

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-06.jpg

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-07.jpg

mazh-pokazhuva-shto-e-seksi-koga-ste-vo-brak-so-pred-i-potoa-fotografii-od-chistenje-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Мажи споделуваат: „Навика на партнерката што најмногу ме иритира“ (фото) „Сопругата никогаш не дотрошува шампон пред да купи нов, а ги чува и сите стари ...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg