„Кејт е столбот на семејството, Вилијам го знае тоа“ – експерт за говор на тело ја анализира божиќната фотографија на кралското семејство.

Според експерт за говорот на телото, неофицијалната семејна божиќна фотографија на Вилијам и Кејт покажува дека Кејт е столбот на семејството, а Вилијам е свесен и радосен за тоа.

kejt-e-stolbot-na-semejstvoto-vilijam-go-znae-toa-ekspert-za-govor-na-telo-ja-analizira-bozhikjnata-fotografija-na-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Еден фан на кралското семејство споделил фотографија од Вилијам, Кејт и нивните деца, за која се верува дека е направена во нивниот дом во Норфолк – Anmer Hall.

На фотографијата, кралското семејство седи пред дрва за огрев и засега таа не е официјално споделена од Кензингтонската палата, но веројатно ја направиле за медицинските работници и во неа наводно пишувало:

„До неверојатните работници од Националната здравствена служба. Ви посакуваме среќен Божиќ и среќна Нова година“.

Според магазинот Hello, во внатрешноста на честитката има и рачно напишана порака од Вилијам која гласи:

„Не можеме да ви се заблагодариме доволно за целата посветеност и жртвата што моравте да ја направите оваа година. Засекогаш ќе ви бидеме благодарни“.

Фотографијата ја анализирала Џуди Џејмс, експерт за говор на телото, која тврди дека според неа, е очигледно дека Кејт е столбот на семејството. Истовремено, таа смета дека на Вилијам и Кејт многу повеќе им годи животот надвор од градот.

„Едната веѓа на Кејт е подигната на крајниот раб, како иронично насмевнување, како да ѝ е јасно зошто фотографот прави смешни работи за да ги насмее момчињата. На Вилијам се чини му е јасно дека неговата сопруга е карпата, се навалува на неа, а неговата насмевка покажува прикриено задоволство“.

kejt-e-stolbot-na-semejstvoto-vilijam-go-znae-toa-ekspert-za-govor-na-telo-ja-analizira-bozhikjnata-fotografija-na-kralskoto-semejstvo-02.jpg

Според експертот, малата Шарлот ја копира самодовербата на мајка си.

„Шарлот го имитира изразот на Кејт со асиметрична насмевка со работ од устата, наместо да покаже детска насмевка како, на пример, Луи. Говорот на телото на Шарлот покажува дека таа е своја личност, подготвена самата да истражува“.

Малиот Џорџ, пак, се чини има посебна врска со татко му Вилијам:

„Насмевката на Џорџ и неговиот израз покажуваат срамежливост, а тој изгледа најсреќно кога позира до татко му. Тие двајца изгледа имаат посебен однос“.

kejt-e-stolbot-na-semejstvoto-vilijam-go-znae-toa-ekspert-za-govor-na-telo-ja-analizira-bozhikjnata-fotografija-na-kralskoto-semejstvo-05.jpg

За Луи, експертот тврди дека бил радоста на семејството.

„Малиот Луи секогаш изгледа како да е радоста на семејството - секаде насмеан и впива сè што се случува околу него. Неговата широка насмевка значи дека е среќен и иако е најмалиот, со задоволство ги забавува другите“.

kejt-e-stolbot-na-semejstvoto-vilijam-go-znae-toa-ekspert-za-govor-na-telo-ja-analizira-bozhikjnata-fotografija-na-kralskoto-semejstvo-03.jpg

kejt-e-stolbot-na-semejstvoto-vilijam-go-znae-toa-ekspert-za-govor-na-telo-ja-analizira-bozhikjnata-fotografija-na-kralskoto-semejstvo-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 мажи кои може да ја добијат наградата „татко на годината“ „Татко ми помина околу еден час во кујната за да ме изненади со ‘специјално зајч...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Несреќи, бизарни трагедии: „Најпроколнатите“ богати и моќни семејства Џеки Кенеди била „вплеткана“ во две проколнати семејства – Кенеди на нејзиниот у...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg