Секаде се прават грешки – Што не е во ред со овие новогодишни декорации?

Велат - кој работи, тој греши, па ќе мора да ги простиме грешките кои вирално се шират на социјалните мрежи околу украсувањето во градовите низ Македонија, но и во светот. 

shto-ne-e-vo-red-kaj-ovie-novogodishni-dekoracii01 (2).jpg

Празничната сезона наближува и многу градови ширум светот почнаа со украсување. А, одвреме-навреме и во украсувањето се прават грешки кои можат да бидат причина да се насмееме.

Кога наближува празничната сезона, трговските центри се едни од најубаво украсените места. Ова важи и за еден трговски во САД, каде што навистина се потрудиле да ја доловат празнината атмосфера.

Внатре поставиле елки и слатки играчки кои свират на музички инструменти. Играчките ги поставиле на шарени столбови и големи коцки за играње, на кои веројатно би требало да пишува SANTA – англискиот збор за Дедо Мраз.

Но, дали намерно или сосем случајно, оние кои украсувале направиле смешен пропуст. Наместо зборот SANTA, на големите коцки е испишан зборот SATAN, или сатана.

shto-ne-e-vo-red-kaj-ovie-novogodishni-dekoracii-02.jpg

Фотографијата од згрешената декорација беше објавена на Reddit.

Кај нас, пак, јавноста почна да се шегува на сметка на декорација во Битола.

На социјалните мрежи се појавија фотки од светлечка декорација со зборот „ЗДРАВЈЕ“, но беше забележана мала грешка.

Веројатно погрешно го испланирале местото за секоја буква посебно, па буквата „ј“ останала мала, и натписот гласеше ЗДРАВјЕ.

sekade-se-pravat-greshki-shto-ne-e-vo-red-so-ovie-novogodishni-dekoracii03.jpg

sekade-se-pravat-greshki-shto-ne-e-vo-red-so-ovie-novogodishni-dekoracii04.jpg

После лавината шеги и критики на социјалните мрежи, од општината се огласија, изјавувајќи дека ја поправиле грешката.

А, во Охрид, сите си ја чеституваат 22002211 година.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg