Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мони Хуанг од Тајван по 3 месеци живот во Охрид: „Благословена сум што имав шанса да живеам во овој град“

„Дојдов во Македонија пред 2 години и комплетно се вљубив во оваа земја. Годинава дојдов повторно со моето момче. Отседнавме во Охрид изминатите 3 месеци...“, раскажува Мони од Тајван.

moni-od-tajvan-po-3-meseci-zhivot-ohrid-blagoslovena-sum-shto-imav-shansa-da-zhiveam-vo-ovoj-grad-01.jpg

Во Фејсбук групата „Expats and Foreigners in Macedonia“ членуваат луѓе кои дошле да ја посетат нашата држава на извесен период или пак се преселиле тука и споделуваат искуства.

Една од нив е и Мони Хуанг од Тајван која пред две години ја посетила нашата држава, комплетно се вљубила во неа и затоа годинава дошла тука да живее 3 месеци. Таа престојувала во Охрид.

Во оваа Фејсбук група Мони објави видео од нејзиниот престој во Македонија и напиша:

„Јас сум Мони од Тајван! Дојдов во Македонија пред 2 години и комплетно се вљубив во оваа земја.

Годинава дојдов повторно со моето момче. Отседнавме во Охрид изминатите 3 месеци, па одлучив да го направам моето прво видео тука. За секогаш да помниме, дури и во оваа тешка година, дека сме благословени што имавме шанса да патуваме низ Македонија и да живееме во Охрид.

Ти благодариме Македонија, навистина се надеваме дека ќе дојдеме повторно наскоро. Се надевам дека ќе ви се допадне видеото и ве молам игнорирајте го делот каде зборувам мандарински“.

Фотографии од Мони направени во Македонија:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg