Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Оптичка илузија што го „полуде“ Twitter – дали прстените се движат и ја менуваат големината?

Прстените ротираат без да се движат во ниту еден правец, но сепак твитерџиите се убедени дека како што се менуваат насоките на стрелките, така и прстените се прошируваат, стеснуваат и поместуваат. Оваа оптичка илузија дефинитивно ќе си поигра и со вашиот мозок. 

optichka-iluzija-shto-go-polude-twitter-dali-rotirachkite-prsteni-se-dvizhat-i-ja-menuvaat-goleminata01.jpg

Јапонскиот артист познат како Jagarikin неколкупати ја има збунето јавноста со неговите оптички илузии и сега повторно го направи тоа.

Неодамна, на неговиот Twitter профил, артистот сподели оптичка илузија што веќе е споделена над 12.000 пати и за која корисниците велат дека навистина си поиграла со нивниот мозок.

Оптичката илузија е гиф на кој се претставени два прстени со жолта и сина боја кои постојан ротираат, но не се поместуваат во ниту еден правец.

Во средината има стрелки кои создаваат илузија дека прстените се движат во нивна насока. Во некои моменти изгледа и како прстените да се прошируваат и стеснуваат. Уште поинтересно е што дури и ако ги покриете стрелките со прстите, сепак ќе ви се чини како прстените да се движат, зголемуваат и намалуваат.

Наводно, илузијата на движење и менување на големината е поради боите на прстените кои се разликуваат од заднината и постојано ротираат. Друго објаснување е дека надворешните линии на двата прстена, кога се вртат не се поклопуваат во иста боја, па тоа создава илузија на оддалеченост или зближување.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Маж со 3 нозе, жена која тежела 2kg – Како изгледале изведувачите во циркусите од минатото? Во 1920-тите, Нели Бланш Лејн била позната како „најголемата жена во светот“ бид...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg