Кога ќе ве изнервираат...

koga-ke-ve-iznerviraat-povekjeСекому некогаш му се случува нешто да го изнервира и потоа подолго време да остане нервозен. Не мора да се работи за нешто крупно, но секако...


...не е пријатно кога не можете да се смирите и опуштите – особено ако сте самите свесни дека не се работи за нешто крупно. Постои еден многу брз начин да си помогнете.

koga-ke-ve-iznerviraat

Се случува сè да биде нормално, а изненадно некој, или нешто да ве исфрли од такт. Можеби сте направиле некоја глупава грешка на работа, некој ви се развикал, сте се скарале со сестрата/братот....

Многу често не се работи за крупни работи, туку за некоја ситница што ќе ве изнервира. Потоа не ви успева да се смирите, а покрај тоа што сте изнервирани и дополнително се нервирате бидејќи од такт ве извадила ситница.

Зошто понекогш е тешко да се смирите?

Кога нешто ќе ве изнервира, најчеста телесна реакција е да се вкочаните и да ви се забрза дишењето. Вашиот мозок тоа го прима како сигнал за узбуна. Откако ќе помине тоа што ве изнервирало, мускулите и понатаму ви се напнати и понатаму забрзано дишете, па мозокот продолжува да праќа исти сигнали за узбуна и затоа не доаѓа до опуштање. Тоа е како некој магичен круг.

Како да се прекине тој магичен круг?

Постои еден трик кој многумина инстинктивно го користат и незнаејќи зошто, но им помага. Ја ставате раката преку очите така што во потполност ја блокирате светлината и неколку пати вдишувате и издишувате. Сте виделе како многумина така постапуваат, нели? И тоа помага, бидејќи е брз и ефикасен начин на мозокот да му испратите сигнал дека е се во ред и дека е време за опуштање. Потоа мозокот праќа сигнал да се лачат хормони за опуштање, мускулите повеќе не се напнати, дишењето не морате повеќе да го регулирате, туку нормално успорува.

Пробајте! Во најголем број случаи делува, а едноставно е, потребни се само неколку моменти и малку енергија.

Би можело да ве интересира:

Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Иронијата во нашето секојдневие, низ илустрации што ќе ве натераат да размислувате Даваме пари за креветче за мачка, за на крај таа да си легне на сосема друго мес...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg