Прегрнете ги саканите во дом за стари лица - прегратки без ризик од зараза (фото)

Во еден дом за старечки лица во Шефилд смислиле одлично решение за оние кои сакаат да ги посетат своите најмили, но не сакаат да ги изложат на ризик од корона вирус.

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-01.jpg

Нивниот изум не само што им дозволува на посетителите да разговараат со нивните сакани, туку им овозможува и да споделат прегратка, без да ризикуваат да ги заразат или да бидат заразени од вирусот.

Во домот направиле посебна просторија за посети, во која инсталирале стаклени прегради на кои се поставени гумени ракавици со кои посетителите и нивните роднини или пријатели можат да се допрат на безбеден начин.

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-02.jpg

Околу една недела откако ги поставиле гумените ракавици, од домот споделиле дека веднаш забележале позитивна промена во расположението на луѓето кои престојуваат кај нив.

„Помина една недела откако го направивме новото место за посети. Топло е, безбедно и нуди дистанца, а покрај тоа додадовме и гумени ракавици што им овозможуваат на луѓето кои престојуваат кај нас да ги прегрнат нивните семејства и да се држат за рака на безбеден начин. Просторијата се дезинфицира после секоја посета“, напишале од домот, споделувајќи неколку прекрасни фотографии од средбите во новата соба за посети.

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-03.jpg

Од фотографиите и самите ќе забележите дека овој новитет во домот навистина има позитивно влијание врз старите лица.

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-04.jpg

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-05.jpg

Новата просторија во домот Hallamshire се користи веќе еден месец, а вработените велат дека имале само позитивни искуства.

Бидејќи постарите лица со хронични болести се една од ризичните групи кога станува збор за корона вирусот, овој изум е одличен начин да ги видат своите сакани без да стравуваат за нивното здравје.

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-06.jpg

odlichen-izum-vo-dom-za-stari-lica-prostorija-za-poseti-shto-ovozmozhuva-pregratki-bez-rizik-od-zaraza-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg