„Сум напишала да патувам почесто“ – Жена се „гази од смеење“ додека ги чита целите што ги си поставила за 2020-та (видео)

„Патувај почесто, излегувај повеќе, ослаби“ - ова се дел од целите што си ги поставила една жена за 2020-та кои сега, за време на пандемијата, звучат навистина смешно.

sum-napishala-da-patuvam-pochesto-zhena-se-gazi-od-smeenje-dodeka-gi-chita-celite-shto-gi-si-postavila-za-2020-ta-video-01.jpg

Веројатно и вие на крајот од минатата година сте си поставиле цели за претстојната 2020-та. Сепак, тогаш не знаевме дека цела година ќе се справуваме со пандемија и дека сите наши планови ќе паднат во вода.

И Робин Шал од Њујорк си направила листа со цели на кои целосно заборавила. Но, пред некој ден налетала на листата и, како што вели самата, се „згазила од смеење“ кога ја прочитала.

„Кога ја најдов листата почнав да се смеам бидејќи кога ја правев бев друга личност. Сè што се наоѓа на листата е смешно бидејќи сето ова ни беше одземено годинава“.

sum-napishala-da-patuvam-pochesto-zhena-se-gazi-od-smeenje-dodeka-gi-chita-celite-shto-gi-si-postavila-za-2020-ta-video-03.jpg

Робин си ставила чаша вино и решила да снима додека ги чита нејзините цели.

„Ова сум го напишала во декември. Моите цели за 2020-та“, вели таа во видеото обидувајќи се да се воздржи од смеење.

Листата на Робин има цели какви што си поставувате повеќето: да патува почесто, да ослаби и повеќе да излегува и да се дружи со други луѓе.

Иронијата во целата ситуација е навистина смешна – поради пандемијата, ниту имавме можност да патуваме, ниту да се дружиме со повеќе луѓе. А, поради карантинот и постојаното седење дома, речиси сите качивме по некој килограм.

sum-napishala-da-patuvam-pochesto-zhena-se-gazi-od-smeenje-dodeka-gi-chita-celite-shto-gi-si-postavila-za-2020-ta-video-02.jpg

Робин споделува дека си поставила цел и да заработува повеќе, а потоа низ смеа вели дека уште од март била без работа.

„Сум напишала и ’Плачи помалку‘! Плачам секој ден откако почна пандемијата“, вели Робин повторно смеејќи се.

На крај таа го завршува видеото со многу црн хумор:

„Ова не е смешно, но сум напишала ’Поминувај повеќе време со баба‘, а таа умре“.

@robynschallcomic

My 2020 goal list is trolling me ????? #goals #humor #foryoupage #foryou #asaprocky #cakequeen #holiday #wine #breakdowns

♬ original sound - RobynSchallComic

Речиси сите можеме да се препознаеме во видеото на Робин. Голем број луѓе се надеваа дека 2020-та ќе биде година на позитивни промени, но не поминаа ни три месеци од годината, пред сите планови да ни паднат во вода.

Откако видеото се прослави, Робин изјави дека не можела да престане да се смее бидејќи нејзината листа со цели била смешно мрачен потсетник за тоа колку всушност е ужасна 2020-та.

„Универзумот како да ни рече: Не, за вас нема ни патувања, ни професионален успех“.

Видеото на Робин е споделено над 3 милиони пати и сите што го изгледале коментираат дека одлично ја доловила атмосферата на оваа ужасна година.

Дали и вие си направивте листа со цели за 2020-та? Од колку моравте да се откажете поради пандемијата?

Сепак, годинава не е толку мрачна - Прочитајте и Одиме на Европско, дечиња донираат коса, спасени животни – Убави моменти кои се случија кај нас во 2020-та и ни дават надеж

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg