„Сите изгубивме надеж во 2020, но шоуто мора да продолжи“ – Емотивна божиќна реклама на Amazon
Оваа 2020-та година донесе многу неизвесност, изгубена надеж и пропаднати соништа, но во божиќната реклама, Amazon покажува дека „шоуто мора да продолжи“, а сплотувањето на луѓето е потребно повеќе од кога било.
Рекламата ја следи приказната за една млада балерина, која со радост дознава дека е избрана за главна улога во училишниот балет за празничното шоу.
Радоста полека спласнува кога училиштата се затвораат и настапува неизвесност, но продолжува да вежба со последната капка надеж, која целосно згаснува кога настапот е целосно откажан.
Но, луѓето околу неа не дозволуваат таа да ја изгуби надежта, семејството ѝ помага, а соседите прават нарачки на Amazon.
Заедницата се сплотува како едно и прави магична, празнична приказна, бидејќи како што се пее во песната на Queen - шоуто мора да продолжи.
https://www.youtube.com/watch?v=gQdLD6kk960&feature=emb_title&ab_channel=amazon
М. М. | Црнобело