Како да не пратите мејл на погрешно место и уште 3 трикови кои ќе ве спасат од непријатни ситуации во секојдневието

Кога една работа ќе научиме да ја правиме на одреден начин, автоматски забораваме да размислуваме дали има некој побрз или полесен.

5-trikovi-koi-ako-gi-primenuvate-ke-ve-spasat-od-stresot-vo-sekojdnevieto-001.jpg

Понекогаш и секојдневните мали ситници ни предизвикуваат стрес, а во ова време, важно е да се ослободите од секој вид на стрес.

Ова се неколку трикови кои се толку едноставни, што ќе чудите како до сега не сте се сетиле самите:

1. Како никогаш повеќе да не пратите мејл на погрешно место?

Прво напишете го насловот на мејлот, потоа содржината, па дури на крајот додадете го мејлот на кој сакате го испратите. Никогаш не ја внесувајте мејл адресата прва.

2. Како да не плачете во јавност?

Ако сте „плачко“ по природа, ова ќе биде од голема помош. Секојпат кога гледате тажно видео, тажен филм или сте во непријатна ситуација од која ви се плаче, притиснете го јазикот кон горниот дел од непцата.

3. Како да го отстраните мирисот од готвење од рацете?

Ако рацете ви мирисаат на лук или кромид после сечкањето, треба само да ги измиете со сапун и да ги истриете од нешто од нерѓосувачко железо, како на пример лажица.

5-trikovi-koi-ako-gi-primenuvate-ke-ve-spasat-od-stresot-vo-sekojdnevieto-3.jpg

4. Како да не заборавате дали сте се напиле апче?

Пример, ако треба да пиете апче двапати во денот, наутро и навечер, на секое земање од апчето може да го превртите шишенцето.

Така, наутро шишенцето треба да е свртено нормално, додека навечер шишенцето ќе треба да биде со капачето надолу.

5-trikovi-koi-ako-gi-primenuvate-ke-ve-spasat-od-stresot-vo-sekojdnevieto-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg