8 токсични навики од кои е време да се ослободите за да бидете среќни
Им помагате на другите само за да добиете нешто за возврат
Кога станува збор за вашите најблиски, обидете се да им помагате без да очекувате нешто за возврат. Бидете овде за нив, давајте им совети, помагајте им и покажете им колку ги сакате, без да очекувате некоја награда за тоа. Во спротивно, многу често ќе се чувствувате незадоволно.
Прифаќате сè и сешто
Не заборавајте дека имате право да поставите граници и да ги одбивате другите луѓе. Штом нешто не ви се допаѓа, сметате дека е лошо за вас или што било слично, нема потреба да го прифаќате.
Им дозволувате на емоциите да ве дефинираат
Никогаш не можете да ги контролирате вашите емоции. Но, можете да контролирате како ќе реагирате на нив, а токму ова ве дефинира како личност. На пример, само затоа што некој настан ве направил гневни, не значи дека сте лоша личност. Овие емоции се минливи и многу е поважно како реагирате на нив, па фокусирајте се на тоа.
Се грижите за туѓото мислење
Веќе спомнавме дека никогаш нема да им се допаднете на сите. Дури и да сте најдобрата личност на светот, секогаш ќе има некој што мисли лошо за вас. Затоа, не треба воопшто да се грижите за туѓото мислење. Престанете да се обидувате да им се допаднете на сите и дозволете си да уживате во вашиот живот.
Спирова С. | Црнобело