Ај да те видам пиј ми од чашата
Се нервирате кога колегите ви јадат од вашиот појадок во фрижидерот? Кога ви го пијат кафето кое сте си го подготвиле и ве чека спремно во кујната?
Постои спас и за ова – а, не, не треба да ставате камери за да видите кој го прави ова. Едноставно ќе го одвратите од помислата.
1. Го носи името Anti-Theft Lunch Containers. Дали некој би помислил да земе нешто од оваа кутија? Внатре слободно подгответе си го вашиот оброк.
2. Ако не сакате никој да ви пие од вашата чаша одлучете се за Plug Mug. Она што е интересно е што оваа чаша може да се користи само со затката која е приврзок за клучеви. Така што затворачот со вас и никој не може да ви ја користи чашата или еднаш ќе се зафркне и нема веќе да му падне на памет да ја допре.
3. Валкана чаша. Ако не ви успее со горенаведеното, валканата чаша Dirty Mag со сигурност ќе го реши вашиот проблем. Кој би пиел од вакво нешто?