Хризантеми – најубавиот цветен украс на есента (фото)
Овој прекрасен, издржлив цвет води потекло од Кина и симболизира долг живот. Според легендата, оној што ќе се напие вода од изворот или потокот во чија близина расте хризантема го очекува добро здравје и долг живот.
Во Јапонија е прогласен за национален цвет, а Денот на хризантемата се прославува на 9 септември.
Цветаат на есен, имаат потреба од многу влага, нo не дозволувајте земјата да се исуши, бидејќи листовите ќе омлитават, ќе пожолтат и на крајот ќе паднат.
Најдобро е покрај редовно полевање, на секои 2 седмици да ги прихранувате со течно ѓубриво за цвеќе.
Не сакаат директна светлина, но бараат значително светли и полуосветлени места за цветање, без многу ветер.
Познати се околу 200 видови, а цветовите на хризантемата може да бидат еднобојни или двобојни (шарени, како прскани или во вид на „пајажина“), а ќе ги сретнете во речиси сите бои: бела, жолта, темноцрвена, виолетова, портокалова, светло розова…
Оваа есен нека хризантемите бидат задолжителен „декор“ во домот, градината, на терасите и балконите. Изгледаат апсолутно прекрасно, нели?
(О)Милена | Црнобело