Годинава и не е така лоша – најубавите нешта што се случија во 2020-та, низ илустрации
Факт е дека годинава преовладуваат негативните вести, но тоа не значи дека во светот не се случуваат и добри нешта. Главниот фокус на сите е свртен кон пандемијата и ужасните последици од неа, па одвреме-навреме добро би ни дошло да се потсетиме и на убавите работи.
Минатата година, еден графички дизајнер започна навистина интересен проект на Instagram.
На неговиот профил Weekly Graphic News, тој почна да споделува илустрации со кои ги пренесува најновите настани.
Кога почна пандемијата, решил повеќе да се фокусира на добрите вести, со цел барем малку да им го подобри расположението на неговите следбеници.
Па така, сега тој има цела колекција илустрации преку кои ги пренесува најубавите нешта што се случиле годинава.
Во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните негови илустрации: