Годинава и не е така лоша – најубавите нешта што се случија во 2020-та, низ илустрации
Факт е дека годинава преовладуваат негативните вести, но тоа не значи дека во светот не се случуваат и добри нешта. Главниот фокус на сите е свртен кон пандемијата и ужасните последици од неа, па одвреме-навреме добро би ни дошло да се потсетиме и на убавите работи.
Минатата година, еден графички дизајнер започна навистина интересен проект на Instagram.
На неговиот профил Weekly Graphic News, тој почна да споделува илустрации со кои ги пренесува најновите настани.
Кога почна пандемијата, решил повеќе да се фокусира на добрите вести, со цел барем малку да им го подобри расположението на неговите следбеници.
Па така, сега тој има цела колекција илустрации преку кои ги пренесува најубавите нешта што се случиле годинава.
Во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните негови илустрации:
Германија планира да го намали интензитетот на уличните светла со цел да ги спаси инсектите
После 10 години обидување, две панда мечки (од зоолошка во Хонгконг) се спариле за време на пандемијата
Бенкси тајно финансираше брод за спасување бегалци
Амстердам ќе ги преземе долговите на младите кои живеат во градот
Шкотска стана првата држава која ги направи влошките и тампоните бесплатни за сите жени
За време на карантинот, нелегалното ловење на носорози во Јужна Африка опадна за 53%
Вработените во една библиотека во Австралија им се јавуваа на сите постари членови за да ги проверат за време на карантинот
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





