Глувци - проблеми, змии - страв од непознато: Кои се симболичните значења на животните во соништата?
Иако науката напреднала многу, соништата до денес претставуваат мистерија. Покрај верувањата дека соништата имаат предвидувачки моќи, и голем број психолози се обидуваат да го одгатнат нивното значење.
Нормално, можеби сонот нема да ви каже што ќе се случи утре, но она што го сонувате многу зависи од вашата моментална животна ситуација, како и вашата ментална и емотивна состојба. Некогаш, пак, се случува и да ги сонуваме настаните што сме ги доживеале во текот на денот, особено ако оставиле голем впечаток врз нас.
Неретко, луѓето сонуваат и животни, а за секое се верува дека кажува нешто за личноста којашто го сонува.
Па, кое е симболичното значење на животните кои најчесто се појавуваат во нашите соништа?
Коњи
Знаевте ли дека е можно да сонувате како јавате коњ, дури и ако никогаш не сте го направиле тоа во реалноста? Во овој случај, најверојатно се обидувате да стигнете до некоја дестинација, односно некоја цел во реалниот живот.
Коњите се и симбол за сила и моќ, па соништата со нив можат да бидат показател дека личноста добива некоја нова, моќна улога во животот.
Стаорци
Според некои психолози, луѓето кои сонуваат стаорци најверојатно се соочени со проблем за кој немаат решение. Односно, наместо да се обидуваат да најдат решение, тие само се грижат.
Мачки
Ако чувате мачка и ја сонувате, овој сон веројатно нема некое скриено значење. Но, во другите случаи, мачките се симбол за креативност. Односно, ако сонувате мачка веројатно почнувате да ја развивате или покажувате вашата креативност.
Кучиња или волци
За кучињата и волците има разни толкувања, но најчесто се верува дека ако сонувате куче кое лае, веројатно сте изложени на многу стрес. Ако кучето (или волкот) во вашиот сон изгледа изгубено и лута наоколу, најверојатно и вие се чувствувате така.