Продавала овошје на пазарче во родното село, денес е милионерка - приказната за Наталија Водјанова
Деновиве осамна веста за венчавката на Наталија Водјанова и францускиот милијардер Антоан Арно. Руската манекенка се омажи за наследникот на модното царство LVHM - Moët Hennessy Louis Vuitton.
Се зборуваше дека нивната свадба ќе биде еден од највпечатливите и најраскошни настани годинава, но заради пандемијата, целиот настан бил многу скромен. Тие го кажале судбоносното „Да“ кај матичар во 16-тиот Париски округ.
Наталија блескаше во креација на Сергеенко, со опуштена фризура и минимална шминка. А младоженецот се одлучи за сино одело со вратоврска.
Водјанова денес живее живот како од бајките. Но, оваа 38-годишна убавица родена во едно мало руско село, во детството живеела во голема сиромаштија.
Наталија ја нарекуваат Пепелашка од Nizhny Novgorod. Таа не го помни татко и Михаил Водјанов. Нејзината мајка Лариса Викторовна Громова била самохрана мајка на три ќерки.
Едната сестра, Оксана, родена е со форма на аутизам и церебрална парализа. Се бореле со финансиски, но и психолошки проблеми. Наталија признава дека не била свесна за дијагнозата на Оксана и долго време се чувствувала загрозена заради вниманието кое го добивала нејзината сестра.
Секој ден, носела кутии од по 20-30kg со зеленчук и овошје за да ги продава на тезга на локалното пазарче. Таму ја забележал моден агент кој ја вовел во светот на модата.
Со само 17 години веќе живеела во Париз, а три години подоцна нејзиното богатство било проценето на 20 милиони долари.
Во 1999-та година ја забележува Жан Пол Готје кој и понудил работа. Конкуренцијата била голема, и на почетокот целата заработка и одела на трошоци за кирија и храна.
Во тој период многу и помогнал нејзиниот пријател Французин, доктор по професија кој и дал засолниште и помош за да може да се фокусира на стуудите по Англиски јазик додека работи. Тој денес е кум на нејзините деца.
Беше во брак со Џастин Портман со кој се разведе во 2011-та година и со кој има три деца. По разводот, Портман бил на рехабилитација:
„Се однесуваше како да се срами од мене. По разводот, еднаш се слушнавме, ми рече дека воопшто не и недостасувам и дека не ни помислува да бидеме повторно семејство“ – откри во една прилика повредениот милионер.
Наталија и Антоан се во врска од 2011 година и заедно имаат два сина. Познатата манекенка има уште три деца од претходниот брак со Џастин Портман.