Совети за преживување во 4 ретки, но ризични ситуации - добро е да ги имате на ум

Можеби никогаш нема да се најдете сами среде шума, но зошто да не бидете подготвени и за вакви ситуации?

8-trikovi-i-soveti-za-prezhivuvanje-shto-kje-vi-se-najdat-vo-opasni-situacii-01.jpg

Вештините и триковите за преживување можат да ве подготват за секакви потенцијални опасности, па добро би било да знаете барем неколку од нив. Сепак, никогаш не знаете што ќе ви приреди животот.

Затоа, погледнете неколку едноставни трикови за преживување, кои се надеваме дека нема да ви притребаат:

Како да преживеете пад од водопад?

Свртете ги нозете кон водопадот и земете воздух во моментот пред да почнете да паѓате. Поставете ги рацете околу главата, така што ќе го затнете носот со лактот. Потоа, стегнете ги мускулите, спојте ги нозете и стапалата и затворете ги устата и очите.

Штом ќе паднете во водата, веднаш почнете да пливате подалеку од водопадот и кон површината.

8-trikovi-i-soveti-za-prezhivuvanje-shto-kje-vi-se-najdat-vo-opasni-situacii-02.jpg

Како безбедно да преминете речна струја?

Најпрво фатете се за нешто во близина, како камен, и внимавајте да не се удрите. Дури и ако водата е колку-толку плитка, не се обидувајте веднаш да тргнете кон брегот, бидејќи речната струја може да ве повлече. Прво разгледајте кој дел од водата е помирен, испливајте дотаму, па потоа упатете се кон брегот.

8-trikovi-i-soveti-za-prezhivuvanje-shto-kje-vi-se-najdat-vo-opasni-situacii-03.jpg

Како да избегате од „жив“ песок?

Префрлете ја целата тежина на десната нога и почнете да го тресете левото стапало така што постепено ќе ја излекувате левата нога. Поставете го левото колено на песокот. Потоа, префрлете ја тежината на левата нога и на истиот начин извадете ја десната. Кога ќе ги извадете и двете нозе, лазете дури да стигнете на безбедно.

8-trikovi-i-soveti-za-prezhivuvanje-shto-kje-vi-se-najdat-vo-opasni-situacii-04.jpg

Како да направите бунар со вода за пиење?

Побарајте место со темна или влажна почва – ова значи дека под земјата има вода. Ископајте дупка со длабочина од околу 0,3 метри, додека не се појави малку вода, и ширина од околу половина метар. Потоа наредете камења на дното и на краевите од бунарот за водата да не се меша со земјата.

Во овој случај, добро е да знаете дека колку е потемна бојата на вегетацијата во околината, толку е поголема веројатноста да најдете вода.

soveti-za-prezhivuvanje-vo-4-retki-no-rizichni-situacii-dobro-e-da-gi-imate-na-um.jpg

Бонус - Неколку начини за врзување јаже:

8-trikovi-i-soveti-za-prezhivuvanje-shto-kje-vi-se-najdat-vo-opasni-situacii-08.jpg

Јазлите на горните илустрации се добри за прицврстување. Јазолот на долната илустрација лево е одличен за прицврстување и подигнување тешки предмети, додека јазолот десно е доволно цврст за спасување и се поставува на половината.

Извор

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg