Дали навистина важи правилото „5 секунди“ за храната падната на земја?

Правилото „5 секунди“ стои зад тоа дека секоја храна која ќе падне на земја можете да ја јадете безбедно доколку ја земете во рок од 5 секунди.

dali-navistina-vazi-pravilot-5-sekundi-za-hranata-padnata-na-zemja-01.jpg

Кога се побарало од научниците да го потврдат ова правило, тие кратко и јасно одговориле дека станува збор за измислица.

Антони Хилтон, математичар кој правел истражување на оваа тема, открива дека можноста за зараза е мала доколку јадете храна која паднала на земја, но побезбедно е да не ризикувате.

Постојат повеќе причини:

Прво, мокрите и лепливи намирници како тестенини, бонбони, овошје – на себе веднаш навлекуваат безброј бактерии, а нив, логично, никогаш не е добро да ги внесувате во организмот.

Втора причина е видот на подот на кој паднале. Повеќето мислат дека теписите се оние површини кои содржат бактерии, но грешат.

Паркет, ламинат и плочки се површини на кои има повеќе бактерии. Кујнските површини се полни бактерии и треба редовно да ги чистите, а најголем непријател се нашите раце кои мора да ги миете после секој оброк.

dali-navistina-vazi-pravilot-5-sekundi-za-hranata-padnata-na-zemja-02.jpg

Бактериите ја напаѓаат храната во истиот момент кога ќе го допре подот, така што популарните 5 секунди едноставно не се времето кое им е потребно за да се најдат на храната.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg