12 бон-тон правила за во ресторан кои ги знаат само вистинските дами и џентлмени
Шери доматите се јадат цели. Лебот не треба да го гризете. За шпагетите потребна ви е и виљушка и лажица. Не треба да го сечете целото месо наеднаш.
Сите ние кога одиме во ресторан се трудиме да се однесуваме културно.
Не ги ставаме лактите на маса, го држиме ножот со вистинската рака и не зборуваме со полна уста. Ова се бон-тон правила кои ги знаат сите, но постојат уште правила кои може да влијаат на нашата репутација.
За некои од овие бон-тон правила можеби и не сте слушнале досега:
Можете да јадете пилешко месо со раце
Кога е формален настан ни е потребен прибор, но во некои ресторани пилешкото го служат на начин што е сосема во ред да го фатите со раце и да го натопите во сосот.
Не оставајте траги од кармин на платнената салфетка
Таа треба да биде поставена на вашите коленици во текот на оброкот и со неа може само нежно да ги забришете краевите од устата за време на оброкот, но да оставите траги од кармин на неа е навистина некултурно. Во ваков случај побарајте хартиени салфети од келнерот.
Не оставајте траги од кармин на чашите
Ако сте загрижени дека ќе оставите траги од кармин на чашата, пред да се напиете исушете ги усните со допир на хартиена салфета.
За долгите тестенини потребна ви е и виљушка и лажица
Шпагетите треба да ги јадете со виљушка во десната рака и лажица во левата. Шпагетите земете ги со виљушката, допрете до лажицата и вртете за тие да се завијат, а потоа со виљушката донесете ги до устата.
Месото не се сече секогаш со нож
Одредени видови месо, како котлети на пример, е посоодветно да ги делкате на парчиња со виљушката.
Менито треба да е во допир со масата
Додека порачувате внимавајте како го држите менито. Тоа треба комплетно да е на масата или да ја допира површината барем со еден раб.