Зошто Финците пијат дупло повеќе кафе од сите останати луѓе во светот?

Кога ќе помислите на ладната Финска, сигурно кафе не е првата работа која ви паѓа на памет. Можеби ве асоцира на поларна светлина, сауни и ирваси, но после ова дефинитивно и кафето ќе го додадете на листата.

zosto-fincite-pijat-duplo-povekje-kafe-od-site-ostanati-lugje-vo-svetot-3.jpg

Според светската организација, се смета дека Финците пијат околу 12 килограми кафе по лице на годишно ниво.

Зошто? Која е поврзаноста помеѓу овој пијалак и жителите на Финска?

Постојат повеќе објаснувања, дел од нив го прифаќаат како дел од културното однесување, додека дел се поврзани со временските услови.

zosto-fincite-pijat-duplo-povekje-kafe-od-site-ostanati-lugje-vo-svetot-2.jpg

Повеќето луѓе во Финска пијат 5 до 8 шолји кафе на ден. Го пијат заедно со секој оброк. Кога ќе ви се понуди кафе во Финска, не е културно да одбиете.

Таму постојат повеќе различни зборови и изрази за кафе кое се пие во одредени ситуации, односно служи како повод луѓето да се видат едни со други.

Ова се дел од нив:

  • aamukahvi (утринско кафе)
  • päiväkahvi (дневно кафе)
  • iltakahvi (попладневно кафе)
  • saunakahvi (кафе во сауна)
  • läksiäiskahvit (кафе за испраќање)
  • mitalikahvit (победничко кафе, кога некој ќе победи во нешто)
  • matkakahvi (патувачко кафе)

Се смета дека и поради долгите, темни денови во Финска, кафето им е потреба на луѓето за да останат будни и фокусирани.

Исто така, не се чудете ако среде некоја прослава доцна навечер во Финска биде послужено кафе.

zosto-fincite-pijat-duplo-povekje-kafe-od-site-ostanati-lugje-vo-svetot-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg