20 тешки прашања кои треба да си ги поставите себеси за да си го подобрите животот
Сите треба да се стремиме кон прифаќање на ранливоста. Не секогаш треба да се обидуваме да бидеме силни, цврсти, самостојни. Не можеме да направиме сè сами, не можеме да опстанеме сами. Мислиме дека луѓето ќе нè чувствуваат како товар доколку некогаш побараме помош. А вистината е дека на сите ни треба помош одвреме-навреме.
Тешките прашања се оние кои ги одбегнуваме по секоја цена. Но доаѓа моментот кога треба да се соочиме самите со себе со цел да направиме позитивни промени во животот. Ова е список на 20 тешки прашања за да подобро се откриеме себеси:
Кога последен пат се однесувавте ирационално? Што се случи?
Опишете го најпонижувачкото искуство што сте го доживеале досега.
Напишете го најстрогиот, најосудувачки коментар којшто бил упатен на ваша сметка.
Дали сте почувствувале разочарување кон себеси? Зошто?
Дали се плашите од самотија?
Дали некогаш сте се задоволиле со помалку? Зошто?
Се селите во друга држава, што ве плаши најмногу?
Замислете дека ви останува само уште еден ден живот, за што не се каете?
Дали често пати чувствувате љубомора? И зошто?
Како реагирате на критики?
За која одлука се каете во животот?
Дали можете отворено да зборувате за своите чувства?
Доколку некој ви рече „имам лоши вести за тебе“, што мислите дека ќе каже следно?
Кои се вашите животни вредности и принципи според кои се раководите?
Што може да ве натера да се почувствувате празно во себе, дури и доколку сте многу богати?
Кое прашање упатено до вас го мразите најмногу?
(О)Милена | Црнобело