„Сакам да ви покажам колку сте убави“ – фотограф им прави портрети на жени како на славни личности
Емили е фотограф и сака да им помогне на жените да се ослободат од несигурноста, и да им покаже дека се убави колку и секоја холивудска ѕвезда.
Велиме дека за вкусови не се дискутира, бидејќи она што е убаво за една личност, може да биде најгрдото нешто за друга.
Ова значи дека не постојат ни универзални правила за убавина и, всушност, сите сме си убави на свој начин.
Но неретко, луѓето се чувствуваат несигурно во врска со својот изглед, без разлика дали поради нивната возраст, нивните „несовршености“ или нешто сосем друго.
Ова, нормално, има огромно влијание врз самодовербата и не им дозволува на луѓето да ја видат нивната вистинска убавина.
Овој притисок можеби најмногу го чувствуваат жените. Сепак, тие секојдневно гледаат фотографии од славни кои изгледаат беспрекорно, па дури и нереално, и се споредуваат со нив.
Емили Лондон е фотограф и го сфатила ова, па решила да им помогне на жените да се ослободат од несигурноста.
Со цел да им покаже на „обичните“ жени дека и тие можат да изгледаат како холивудски секс-бомби, Емили ги фотографира како за насловна на некое списание.
„Знам како изгледа убавината. Можам да ја видам вашата. Знам како да ја истакнам и да ја уловам со мојот фотоапарат. Исто така знам како е да се биде жена која не може да ја види својата убавина. Затоа си поставив цел да ги направам вашите најубави портрети. Сакам да ви покажам колку сте убави, да ви помогнам да се поврзете со жената што ќе ја видите на овие портрети“, пишува на нејзиниот веб-сајт.
Кога ќе ги прочитате коментарите на жените кои биле дел од проектот, ќе сфатите дека Емили ја постигнала својата цел:
„Емили Лондон може да ја истакне вашата природна убавина на фотографија и да ја улови прекрасната божица што треба да биде видена“.
„Емили направи да се чувствувам како убава, елегантна жена, полна со самодоверба, како од списание. Посакувам секоја жена да знае дека може да го искуси тоа“.
„Емили направи да се чувствувам како принцеза за време на фотосесијата. Фотографите што ми ги направи ќе ги ценам целиот живот“.
Проектот на Емили докажува дека секоја жена изгледа како холивудска ѕвезда, и потребен е само мал поттик за да го види тоа. Ако и вие се чувствувате несигурно поради вашиот изглед, овие фотографии нека ви покажат дека нема потреба од тоа.