Време е за Мохито!
Мохитото е традиционален кубански пијалак кој важи за еден од најиспопулазираните коктели низ Европа и светот. Бил омилен коктел на Хемингвеј...
...и најверојатно така и ја добива славата своевремено. Како што полека се затоплува времето, започнува сезоната на Мохито.
Ова е рецепт како да си го подготвите сами:
Состојки
- 1 лажица кафен шекер
- 1 чашка бел рум
- 1 лимета и ¼ за декорација
- 4 листа свежо нане (мента)
- кисела вода
- кршен мраз
Начин на подготовка
На дното од чашата од 2dl се става лажица кафен шеќер, се ставаат изгмечени листови нане, целата чаша се полни со кршен мраз, се додаваат останатите два листа нане, чашка бел рум, сок од еден зелен лимон.
Додајте една четвртина зелен лимон внатре и на крај наполнете ја чашата со кисела вода. Ставете две кратки сламки, измешајте и уживајте во овој освежителен кубански коктел.
Време на подготовка: 10 минути.