Изгледа како да има 25 години, а има далеку повеќе - најмладоликиот инфлуенсер (фото)
Инфлуенсерот Едсон Брендон од Холандија е популарен заради својот неверојатно младешки изглед. Кога ќе го погледнете, би рекле дека има најмногу 30 години.
Но, реалноста е дека тој има 53 години.
Овој писател и личен тренер тврди дека никогаш немал пластични операции и дека неговиот младолик изглед се должи на добра исхрана, вежбање и нега на кожата.
Брендон вели дека тој го гледа своето тело како „свет храм“, избегнува да внесува шеќери, преработена и пржена храна, не пие алкохол и не пуши. Пие само вода, најмалку 2 литри на ден.
„Нема разлика во тоа како се чувствував кога имав 20 години и како се чувствувам денес. Да бидам искрен, се чувствувам дури и подобро. Сите се во шок кога им кажувам дека имам 53 години, обично ми даваат околу 25“.
https://www.instagram.com/p/CDlnewwASMA/?utm_source=ig_web_copy_link
Едсон е автор на книгата „Млади после 40-тата“ во која ги открива тајните за својот изглед.
https://www.instagram.com/p/CDel38RgjCp/?utm_source=ig_web_copy_link
Е. П. | Црнобело