„Не сме осамени и не сме срамежливи“ – Работи што интровертите сакаат да ги разбереме за нив
Доста често се зборува за екстроверти и интроверти, но изгледа дека и покрај ова, интровертите не се најдобро сфатени. Неретко, екстровертите мислат дека овие луѓе се срамежливи или дека мразат дружби, но вистината е многу поразлична.
Според психолозите, екстровертноста и интровертноста се однесуваат на енергијата на луѓето - екстровертите „ги полнат батериите“ кога се во друштво, опкружени со други луѓе, а на интровертите им е потребен мир за тоа.
Еден корисник на Reddit им дал шанса на интровертите да бидат подобро сфатени, поставувајќи го прашањето:
„Интроверти, кое е едното нешто за вас кое сакате екстровертите да го разберат?“
Многу интроверти ги споделиле нивните ставови и мислења, а во продолжение погледнете дел од нив:
„Да бидеш сам не е исто како да бидеш осамен“.
„Не сум депресивен или осамен. Едноставно, сакам кога сум дома и кога минувам време сам со себе“.
„Не дека не сакам да зборувам со тебе, туку понекогаш немам потреба да зборувам со никој“.
„Само затоа што некогаш не сакам да излезам со тебе, не значи дека не те сакам“.
„Ние интровертите имаме потреба да си ги наполниме батериите после интеракција со многу луѓе“.
„Не сите интровертни се срамежливи и тивки. Јас можам да бидам гласна и отворена со луѓе што ги знам, но само некој период. Потоа имам потреба да се затворам за да се „наполнам“.
Интеракцијата со повеќе од една личност во исто време ме изморува и не можам да се справам со повеќе од еден социјален настан неделно. А, само затоа што понекогаш зборувам многу и ги гледам луѓето во очи не значи дека не сум интроверт“.
„Само затоа што сум добар слушател, не значи дека можеш постојано да ме користиш како рамо за плачење или терапевт“.
„Не сум мрзлив, само ми треба време да закрепнам“.
„Ако сум тивок, верувај дека не ти судам тебе или што било околу нас. 99% од времето размислувам за нешто сосем друго“.
„Не значи дека ние сме осамени. Луѓето претпоставуваат дека оние кои се интроверти се осамени и депресивни. Не сум депресивен, само сакам да минувам време насамо“.
„Тишината не е секогаш непријатна и нема потреба да ја исполнувате. Само бидете тивки за момент, особено наутро“.
„Престанете да се обидувате да ја промените интровертноста. Таа не е недостаток. Ако не сакам да танцувам, не ме притискај викајќи ми дека сум срамежлив. Ако не сакам да флертувам, престани да ме тераш. Престани да ми викаш да бидам ’посоцијален‘. Истовремено, сакам кога сум сам. Не се чувствувам депресивно или осамено. Воглавно, престани да ме притискаш“.
„Не сме инфериорни или помалку зрели само затоа што немаме потреба постојано да разговараме со луѓе. Всушност, ова го мислиме за вас кога непотребно ни дофрлате неучтиви коментари“.
„Ако ми речеш дека сум многу тивок, тогаш сигурно никогаш нема да се отворам пред тебе“.
„Само затоа што сме интроверти, не значи дека не сме интересни или дека немаме хобија. Имаме активности со кои го минуваме времето, само не секогаш сакаме да разговараме за нив“.
„На кој било социјален настан/забава, задоволство ми е да бидам тивок и да набљудувам. Не, не се чувствувам изоставено. Не, не ми е здодевно. Ако ми го речеш тоа, дури тогаш ќе се почувствувам непријатно“.
„Пријатно ми е ако заедно седиме во тишина. Не чувствувам потреба да ја исполнувам тишината со бесмислен разговор“.
„Имам потреба да минувам време насамо. Токму затоа се будам 1-2 часа порано, за да имам време да уживам во тишината. Ве сакам сите, но немам енергија да се справувам со луѓе пред 6 часот наутро“.
Спирова С. | Црнобело