7 кралски правила што најпрво беа прекршени од Дијана, а не од Кејт или Меган

Костими за формални настани

Не постои одредено правило што им забранува на жените од кралското семејство да носат панталони. Сепак, за сите формални настани, кралицата Елизабета не носи панталони, па ова станало како непишано правило.

Но, Дијана се осмелуваше да носи панталони на секакви свечености, а нејзиниот пример го следеа и Кејт и Меган.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-05.jpg

Црна облека во текот на денот

Членовите на кралското семејство носат црно во текот на денот само ако жалат за некој или ако присуствуваат на погреб. Речиси невозможно е да видите некој од нив со црна облека во текот на денот.

Но, Дијана без проблем носеше црна облека, во кој било дел од денот. Истото го прави и Меган Маркл.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-06.jpg

Зборување со медиумите

Во 1995-та Дијана не само што зборуваше со медиумите, туку отворено раскажа за нејзиниот несреќен брак и борбата со булимијата. Ова отворање пред јавноста го разгневи кралското семејство, а кратко потоа Дијана и Чарлс се разведoa.

И Меган Маркл направи слично искрено интервју за документарецот Harry & Meghan: An African Journey. Тогаш таа изјави дека малку луѓе прашуваат дали таа е во ред, а оваа изјава ја разбрани јавноста.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-07.jpg

Прегратки и разговор со деца

Секогаш кога Дијана зборуваше со деца, таа клекнуваше за да можат да ја гледаат во очи. Пред неа, никој од кралското семејство не го правел ова.

Таа има изјавено дека секогаш кога зборувате со дете или болна личност, треба да бидете на исто ниво со неа. Таа исто изјави:

„Прегратките можат да направат многу добро, особено за децата“.

Нејзиниот пример го следат и Кејт и Меган.

kralski-pravila-shto-prvo-bea-prekrsheni-od-dijana-a-ne-kejt-ili-megan-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg